Македонија
Триесет години од основањето на Битолскиот универзитет
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола со низа свечености и манифестации ja одбележува триесетгодишнината своето формирање
Одлуката за формирање на вториот државен универзитет во Македонија со седиште во Битола е донесена на 25 април 1979 г., на основачко собрание, со која доброволно се здружиле тогашните високообразоавни и научни институции, Економски факултет од Прилеп, Правен факултет-Битола, Технички факултет-Битола, Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Виша земјоделска школа-Битола, Педагошка академија-Битола, Институтот за тутун од Прилеп и Хидробиолошкот завод од Охрид, а за прв ректор е избран д-р Стеван Габер. Во првата академска година на Битолскиот универзитетот биле запишани 1.959 редовни и 1.044 вонредни студенти, за кои биле ангажирани 126 наставници во редовен работен однос, а од нив само 26 доктори на науки и 45 магистри. Вториот македонски универзитет на 8 декември 1994 г. беше преименуван во Универзитет „Свети Климент Охридски“, а оттогаш овој ден се одбележува како патронен празник на битолскиот универзитет. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денес е најзначајна установа од областа на високото образование во југозападна Македонија, со повеќе од 40 студиски програми за додипломски и 30 за последипломски студии, распределени во десетте високообразоавни единици. Седиштетот на Универзитетот е во Битола, а високообразоавните и научно-истражувачки единици во неговиот состав и дисперзираните студии се сместени во повеќе центри: Битола, Прилеп, Охрид, Скопје, Велес и Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

