Македонија
Виена – Најдобар град за живеење, Скопје 151 место
Градот Скопје е рангиран на 151 место на годинашната листа најдобри градови за живеење во светот што ја изработува глобалната консултантска куќа Мерсер
Скопје, главниот град на Македонија, напредуваше за три места од лани кога беше 154. Најдобар град за живеење во светот е австриската престолнина Виена, а по неа се швајцарските Цирих и Женева. Во топ-10 најпожелни урбани центри на листата на Мерсер се и канадскиот Ванкувер, Оукленд во Нов Зеланд, германските Дизелдорф, Минхен и Франкфурт, швајцарскиот Берн и австралискиот Сиднеј. Амстердам е на 13 место, Брисел 14-то, Берлин 16-то, Париз 33, Токио 35, Лондон 38, Вашингтон 44, Њујорк 49, Рим 55, Москва 168,…Во регионот најдобро рангирана е Љубљана, Словенија, на 78 место, Загреб е 103, Букурешт 108, Софија 112, Белград 137. Зад Скопје се Сараево на 157 и Тирана на 173 место. Најлош град за живеење во светот е Багдад, според Мерсер. На листата на Мерсер, Скопје е на 138. место, на листата градови со најдобра инфраструктура. Сингапур е прворангиран на оваа листа, втор е Минхен, а трет Копенхаген. И на оваа листа најдобро рангиран град во регионот е Љубљана, на 95 позиција. Пред Скопје се уште и Атина и Загреб, а полошо пласирани се Белград, Софија, Сараево и Тирана. Повторно, последното место и на оваа ранглиста го зазема Багдад. Мерсер ги врши рангирањата според неколку критериуми, како политичка и економска слобода и развој, социјална заштита, здравствениот и образовниот систем, јавниот транспорт, комуналните дејности и друго. Годинава, во конкуренција биле 420 градови во светот, а на конечната листа се рангирани 215. Мерсер е глобална консултанстка куќа со 18.000 вработени, со претставништва и клиенти во 180 градови и 40 земји во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.