Македонија
Денот на Холандската кралица во Скопје
Веќе традиционално, Денот на холандската кралица се одбележува и во Скопје преку Холандската амбасада
Денот на Холандската кралица беше свечено одбележан и во Скопје, преку активностите на холандската амбасада, односно амбасадорката Симоне Филипини, која е веројатно една од најактивните амабасадори во Република Македонија и која денешниот ден го посвети на една акција (многупати покренувана, но без некои резултати) за возење велосипеди во Скопје. Покрај тоа, Холандската амбасада, во Градскиот парк во Скопје, крај познатата Школка, отвори и Холандски парк, односно парк за деца, кој претставува еден дел од паркот, кој е прекрасно уреден, со зеленило и содржини за најмладите скопјанчиња (и сите оние кои се присутни во градот). Освен тоа, програмата продолжува и со повеќе активности: натпревар во дизајн на цветни аранжмани, претстава со модерен танц во МОБ, модна ревија инспирирна од Холандија (на која ќе се претстават македонски дизајнери и студенти по дизајн), и секако, една од најголемите активности – создавање навика за возење велосипед (како што е тоа во Холандија) и создавање соодветен простор за тоа (односно, отворање нови велосипедски патеки крај главните улици во градот). Сите овие активности се поддржани од Холандската амбасада и Градот Скопје, па така, на отворањето на Холандскиот парк, лентата свечено ја сечеа холандската амбасадорка Симоне Филипини и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

