Македонија
Македонија и натаму е квалификувана за членство во НАТО, но мора да се реши името
Единствената пречка што Македонија не во НАТО, е спорот за името со Грција, е заедничка констатација на Милошоски и заменикот на генералниот секретар на Аијансата, Роберт Симонс
„Искажавме подготвеност да продолжиме со дијалогот со Грција под покровителство на Обедиентите нации. Македонија има желба и подготвеност да се постигне разумен компромис со Грција, со цел да се надмине овој ирационален спор и регионот да може заеднички да се движи кон поголема соработка и стабилност“, изјавил министерот Антонио Милошоски по средбата со Роберт Симонс.Македонскиот министер за надворешни работи соопштил дека по претседателските и локалните избори дека е испратен сигнал до специајлнито пратеник на Генералниот секретар на ОН, посредникот во македоснко-грчкиот спор за името, амбасадорот Метју Нимиц дека е секогаш добредојден во Македонија, а истото се очекува да го стори и Грција.Земеникот-помошник на Генералнито секреар на НАТО, повторил дека ставот на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО во однос на зачленувањето на Македонија од Самитот во Букурешт бил повторен и на недоманешниот сжјубилеен Самит во Стразбур, а тое е дека земјата е квалификувана за членство, но мора да се реши прашањето со името. „Еден од клучните аспекти за квалификуваноста на Македонија за членство во НАТО е учеството во мировните мисии, како што е мисијата во Авганистан.“, рекол Симонс. Според прес-службата на Министерството за надворешни работи, на средбата во четврток била потврдена заложбата на Македонија да продолжи со предвиденото учество во мисиите на НАТО. Министерот Милошоски потенцирал дека државата, доколку биде побарано, останува отворена можноста за зголемување на моменталнито контигент од 170 македонски мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан. Милошоски и Симонс дискутирале и за развојот на ситуацијата во регионот, за ситуацијаат на Косово, за позитивните оценки за одржаните изборите во Макдонија, при што била изразена подготвеноста за натамошен придонес од тстрана на Македониај во поглед на стабилизирањето и напредокот во регионални рамки и во соработката со Алијансата. Како што смета Милошоски, најавената проштална посета на генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер на 8 мај, ќе биде добра можност да се посвети уште еднаш внимание на Република Македонија и на вкупниот придонес што земјата го има направено за Алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.
Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.

Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.
Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси.

Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата.
Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.
На свеченото отворање на конференцијата се обратија: претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Штефан Хабек претставник од Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа.

Паневропската унија на Македонија е формирана 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.

