Македонија
Фатени на дело со плен од 80 илjади евра
Разбојници од скопско Долно Свиларе сакале да ограбат фирма за трговија со цигари. Но неможејќи да го отворат сефот, обидувајќи се да ја пренесат на друго место биел фатени од „алфите“
Во раните утрински часови, околу 4 часот во тергровскито центар во скопската населба „Карпош 4“ на ул. Никола Парапунов во деловен простор на приватната фирма за трговија со цигари „Ел–До“, петмина извршиле тешка кражба при што однесле метална каса во која имало 55 илјади евра и 1.800.000 денари како и 150 штеки од марките „класик“ и „родео“. При изнесувањето на касата и боксовите со цигари на паркингот пред трговскиот центар лицата биле забележани од припадници на посебната едница „Алфа“ при што истите се дале во бегство. Полициските службеници успеале да фатат едно од петте лица и тоа е приведено во полциската станица Карпош. Крадецот бил идентификуван како 21-годишен жител на скопслкото село Долно Свиларе кој потоа ги идентификувал и другите четворица соселани на возраст од 24 до 26 години со кои ја извршил кражбата. Исто така биле уште две лица, а по нивните искази била пронајдена и металната каса на која биел забележливи траги од обид за енјзино насилно отоврање. Осомничените за грабежот најпров се обиделе да ја отворат касата, но откако не успеале ја натовариле на количка од фирмата за да ја пренесат до нивното возило. Еден од ограбувачите имал претходно информации дека дента вио фирмата ќе има поголема сума пари, па ги информирал и организиирал другите четворица соселани. Вечерта пред кражбата тие го обиколувакле местот за да се обезбедат дека нема никој и дек не се следени,а еден од групата оставиле да чува стража на булеварот Партизански одреди. Но окога ја изнесувале касат биле забележани од припадниците на „Алфа“ единицата Еден од приведените е вработен во истражнито затвор Скопје во наслебата Шуто Оризари. Тој и уште еден од групата се идентификувани како сторители и на други разбоојништва и кражби на автомобили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

