Македонија
Во Македонија нема свински грип
Новиот грип засега не е регистриран во Македонија, иако светската здравствена организација е на чекор од прогласување на пандемија
Националниот Комитет за пандемиски грип на Република Македонија со кој претседаваше претседателот на Владата Никола Груевски синоќа во Mинистерството за здравство одржа состанок за состојбата со новиот вирус на грип А(H1N1).Премиерот Груевски најави дека ќе се набават 100.000 кутивчиња од лекот „тамифлу“ во случај грипот да се прошири во Македонија и оти 100.000 ќе бидат резервирани имајќи ја предвид брзината на ширење на вирусот.Ветеринарната управа одлучи повторно да дозволи увоз на живи свињи, а предвидено е три термо камери да бидат монтирани на скопскиот аеродром и на два гранични премини . Македонија има човечки, сместувачки и лабораториски капацитети да одговори на првиот бран на идентификација на грипот, оцени деновиве претставничката на СЗО во Македонија Марија Кишман.Инаку во епицентарот на заразата Мексико, досега починале 12 лица, а 312 се заболени.Вирусот на новиот грип А, како што го нарече СЗО е потврден во САД, каде има најмалку 118 заболени е една жртва.Присуство на болеста потврдија и Канада (34), Германија (4), Британија (8), Израел (2), Нов Зеланд (4), Шпанија (13), Австрија (1), Костарика (2), Холандија (1) и Швајцарија (1).Засега непотврдени сомневања за присуство на заразени со грипот има и во Аргентина, Чиле, Колумбија, Данска Финска, Франција, Ирска, Италија, Јапонија, Полска, Португалија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шведска и Австралија.Покрај Македонија забрана за увоз на живи свињи воведоа и Бахреин, Белорусија, Кина, Хрватска, Екватор, Габон, Индонезија, Казахстан, Црна Гора, Филипини, Либан, Русија, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Украина и Обединетите Арапски Емирати.Досега Аргентина, Куба и Перу забранија летови во Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

