Македонија
Матурантите втор ден на протест поради екстерното тестирање
Неколку стотици матуранти од повеќе градови, протестираа денеска пред просториите на Министерството за образование во Скопје, против одлуката и тие да бидат екстерно тестирани, за што училиштата ги информирале вчера
Средношколците ќе полагаат матура во јуни, а не беа вклучени во проектот за екстерно тестирање. Вчерашната информација ги изненади, па денеска спонтано се собраа пред просториите на Министерството. Училиштата биле известени од МОН дека екстерното тестирање, кое е наменето за оценка на објективноста на наставниците, да биде реализирано од 11 до 20 мај и за матурантите. Сите други ученици, треба да бидат тестирани од 1 до 10 јуни. “Ова е спонтан протест организиран од матурантите. Основната причина е забуната што се случи. Во јануари сите медиуми објавија информација, која не беше негирана од Министерството за образование и наука, дека матурантите ќе бидат изземени од екстерното тестирање. Се до 3 мај, кога еден приватен медиум објави неофицијална информација дека со екстерното тестирање ќе бидат опфатени и матурантите. Единствена задача за нас во мај беше да се подготуваваме за што поуспешно полагање на државната матура. Сега сме во незавидна позиција. Ние дознавме од медиумите и тоа не доведе до овој протест, изјави за медиумите Иван Антоновски од гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Меѓу матурантите кружеа летоци на кои ги има напишано причините зошто излегле на протест. “Професорите оценуваат врз база на повеќе критериуми, а тестовите те оценуваат само врз база на еден“, “Во четврта година се полага матура и нас не ни требаат дополнителни тестови“, Како сериозно да го прифатиме тестот кога вие несериозно донесовте одлука!“, пишува на летоците.Пораката на матурантите е дека “нема проблематични средношколци – само средношколци кои не сакаат да го прават го прават на ваш начин“.Средношколците укажаа дека со одлуката се прекршуваат одредби од Правилникот на МОН за начинот на организирање и спроведување на проверувањето на постигањето на успехот на учениците, според кој за екстерното оценување учениците треба да бидат информирани најдоцна еден месец пред тестирањето. Матурантите добија поддршка и од Средношколската унија на Македонија, а претседателот, Оливер Паб, вели дека очекува МОН да ја повлече одредбата зашто матурантите не се подготвени за тест најавен една недела претходно. Средношколците не беа примени од ресорното Министерство и не добија повратен одговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

