Македонија
Македонија влече исти проблеми и по 18 години
По 18 години независност, Македонија треба да изгради надворешна политика која ќе го потврди присуството на земјава меѓу демократските општества
Дваесет години по падот на Берлинскиот ѕид, лицето на Европа е сменето. Се појавија нови земји, а многу од нив влегоа во Европската унија, која брои повеќе од 500 милиони жители. Годинава се бираат нови членови за Европскиот парламен, а Македонија доби нов претседател. “Со новиот претседател на Македонија, со новиот Европски парламент, како и со новата Влада на мојата земја, германија, 2009 година ќе биде значајна за надворешната политика“, рече Анри Боне, од фондацијата Конрад Аденауер, на денешната панел дискусија на тема “20 години од падот на Берлинскиот ѕид и 18 години независност на македонија“ Предизвици на современата надворешна политика“. Во Македонија недостасува заедничка стратегија, голем дел од нашите проблеми чекаат и по 15 години да бидат разрешени, но треба да се потрудиме да направиме атмосфера во која нема разногласици, смета Слободан Чашуле, поранешниот министер за надворешни работи и главен и одговорен уредник на Форум. Според него, македонскиот народ и сите малцински групи во Македонија, сметаат дека придонесуваме во безбедноста, но правото да учествуваваме во донесувањето одлуки ни е ускратено, затоа што се наоѓаме на Балканот. “Ние немаме разногласие, за овие темелни вредности, со Европскат унија да бидеме побогати, со НАТО побезбедни, а со вовдување на демократијата да имаме една слободна дискусија за сите важни прашања“, рече Чашуле. Тој вели дека во правец на зачленување нво две важни институции, не сме на вистинскиот пат, затоа што не можеме да се договориме дека на клучното прашање за името ќе се држиме до заедничките вредности, а да не прифатиме откажувње од идентитетот.За вложување во европските вредности, јасен сигнал ќе биде зачленувањето на Македонија во НАТО, смета заменик министерот за надворешни работи, Зоран Петров, кој додаде дека во Македонија од осамостојувањето, не само што го побеидла едноумието, туку надмина и неколку конфликти.Марија Улрике Кнотц, амбасадорката на Германија во земјава, рче дека по падот на Берлинскиот ѕид, соединувањето на Европа беше одговор на сите војни и револуции, водени на европско тло.“Ниедна земја во Европа не може самостојно да успее, ниту да ги унапредува политичките и економските дотигнувања, но Европската унија не смее да ги намалува стандардите за влез за земјите од Балканот“, рече Кнотц и додаде, “Германија ги поддржува земјите од Западниот Балкан вклучувајќи ја и Македонија, но тие мора да ги спроведат реформите.“ Според неа, Македонија од консумент , стана продуцент на глобалната безбедноста и заслужува влез во НАТО Алијансата.“Вие и вашите напори добивате огромна поддршка од Бундестагот“, рече Едвард Линтнер, член на Бундестагот. Тој посочи дека Германците се плашат од проширувањето на Европската унија, особено од членство на Турција и на Украина, зашто сметаат дека ќе дојде до преоптоварување.Линтнер препорачува исполнување на останатите услови за влез во ЕУ , додека се реши прашањето за името со Грција.Според поранешниот министер за надворешни работи, Александар Димитров, постигнувањата кои ги има Македонија во овие 18 години, се уште се и предизвици.“Ние можеме да се соочиме со редизајнирање на Балканот, но се надевам дека тоа нема да се случи“, рече Димитров, затоа според него, треба да постигнеме компромис за името со Грција. При дискусијата, Тито Петковски, поранешен претседател на Собрание, го праша Линтнер, како тоа двете спротивставени партии во Германија успеаја да излезат со заеднички политики, на што гостинот од Германија рече дека не било тешко, кога се слуша што сака народот.Дејвид Виснер, професор по меѓународни односи и директор на катедрата Мајкл С. Дукакис, за јавни политики и услуги на Американскиот колеџ во Солун, смета дека политиката на администрацијата на Барак Обама, нема многу да се смени. Тој рече дека нивото на конзистентност на односите меѓу САД и Македонија е високо, после 2004 година кога и се случи признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на САД. Според професорот Љубомир Фрчкоски, дисконтинуитетот во надворешната политика создава можност за испуштање на дипломатските моменти, како во периодот октомври/ноември минатата година по последниот предлог на Нимиц.„Потребна е вешта политичка елита, која во Македонија, со исклучоци, ја немаме, барем не во доволна мера“, рече Фрчкоски. Пред една година ни се случи Букурешт, а на предвремените избори победи истата постава на власт, резимираше Атанас Кировски, новинар во Форум. “Се додека ни се случува тоа, нема да постигнеме многу во надворешната политика“, рече Кировски, нагласувајќи го својот песимистички поглед на случувањата.Стратешките цели на Македонија се познати, но стратегијата како институција во Македонија допрва треба да се утврди, смета Снежана Османли, шеф на кабинет на првиот претседател на Македонија. “Јас Букурешт го доживеав како балканизација на НАТО“, рече Османли.На денешната панел дискусија на тема “20 години од падот на Берлинскиот ѕид и 18 години независност на Македонија“, во организација на фондацијата Конрад Аденауер и редакцијата Форум, учествуваа поранешни министри за надворешни работи, амбасадори и политички аналитичари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.