Македонија
Екстерните тестови нема да влијаат на оценката
Екстерното тестирање се спроведува само во осмо одделение, до објавување на забраната од Уставниот суд во Службен весник
Екстерните тестови кои ги решаваат осмоодделенците деновиве, нема да влијаат врз крајната оценка на учениците, ниту за оценување на работата на наставниците, тврдат од Министерството за образование и наука. “Резултатите од тестовите ќе послужат само на Министерството за образование и наука, за да се види состојбата со оценувањето во училиштата“, вели Весна Хорватовиќ, директорка на Бирото за образование.Реултатите од тестовите ќе бидат објавени по завршувањето на учебната година, кога ќе бидат ставени последните оценки на учениците. Тие ќе ги добијат тестовите за да можат да споредат и да знаат каков успех покажале по одреден предмет. “МОН ќе добие релевантни показатели од овие тестови, на пример дали се тешки, како се прифатени од децата и слично“, вели Хорватовиќ, додавајќи дека со тоа Министерството ќе добие податоци и за релевантноста на оценувањето на учениците. Имено, со споредба на оценката по одреден предмет и со оценката на тестот, ќе се дознае колку реални оцени им се даваат на учениците. Всушност, екстерното тестирање ќе биде интерно истражување на Министерството, кое ќе даде повеќе податоци за тоа што треба да се поправи во образованието, а е дел од европските стандарди и не е нешто ново во државните училишта. Според МОН, и државната матура е екстерен тест.
За овој проект има посебен буџет за екстерно тестирање, но тоа не се пропаднати средства, смета Хорватовиќ, затоа што за Министерството ќе дадат релевантни податоци, а потоа ќе може да се постават државни стандарди за оценување, со што ќе се избегне можноста еден ученик со исто знаење да добие две различни оценки кај двајца наставници по ист предмет. Вчера биле тестирани над седум илјади осмоодделенци по мајчин јазик, македонски, албански, турски и српски, а денеска се тестираат 6.074 ученици по математика. Доколку во следните денови не се појави забраната на Уставниот суд во Службен весник, ќе бидат тестирани уште и по странски јазик, околу 8 илјади ученици, утре, а во вторник околу 8.500 ученици од осмо одделение ќе бидат тестирани по физика и хемија. Прегледувањето на тестовите е автоматизирано и континуирано се врши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

