Македонија
Бенедикт 16- Ватикан е пријател и поддржувач на Македонија

Папата Бенедикт 16 ја реафирмираше поддршката и пријателството на Ватикан кон Македонија, на аудиенцијата на која денеска го прими претседателот Ѓорге Иванов, пренесува Макфакс.
На аудиенцијата по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, римокатоличкиот поглавар порача дека христијаните треба да ги чуваат „идеалите и вредностите” кои ги оставиле во наследство светите Кирил и Методиј.„Тоа всушност, е најдрагоцениот придонес што христијаните можат да го понудат во изградбата на една Европа од третиот милениум, која се стреми кон прогрес, правда и мир за сите”, посочи Бенедикт 16 на средбата со Иванов, соопшти Светата столица.„Вашата Татковина, обележана од влијанието на овие големи светци, настојува да стане место на мирен дијалог помеѓу многуте религии во земјата. Мојата надеж која што денес повторно ја искажувам со целото мое срце е дека вие можете да продолжите кон прогрес на овој пат”, додаде папата на приемот на македонскиот претседател.Македонска делегација, предводена од претседателот Иванов, денеска ја започна официјална посета на Ватикан и Италија, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.Според најавите, в недела ќе се одржи чествување на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.