Македонија
Баро ја преименува Македонија во Северна

Потпретседателот на Европската Комисија Жак Баро денеска ја преименува Република Македонија во Северна Македонија
Откако известил за напредокот на земјите од регионот во областа на визите пред 27-те министри за внатрешни работи на ЕУ собрани на редовната седница во Луксембург, запрашан од новинарите, Жак Баро рекол дека земјите за кои можат да се укинат визите до крајот на годината се Македонија, Србија и Црна Гора, пренесува теелвизијата Алсат-М. „Тоа што можам да го кажам е дека денеска имаме впечаток дека ПЈРМ, значи Северна Македонија, Србија и Црна Гора направиле навистина големи обиди. Значи ние мислиме дека треба да ги земеме предвид овие обиди. Се’ уште не е сигурно, но постои веројатност ние да предложиме за овие три земји либерализацијата да се оствари до крајот на годината, но ова едноставно е предлог и инсистирам бидејќи во оваа фаза не можам да бидам сосема сигурен. Но ова може да се случи ако се согласат земјите членки“, изјавил Баро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).