Македонија
Апел до граѓаните на Скопје
Изнесување на сметот од домовите само од 7 до 9 часот и од 20 до 22 часот, со цел контејнерите да не се преполнуваат
Во пресрет на летото и високите температури кои не очекуваат во периодот што следува, Градот Скопје ги потсетува граѓаните да ја почитуваат Одлуката за комунален ред на градот особено во делот на пакувањето на отпадот и времето на изнесување на сметот од домовите: од 7 до 9 часот и од 20 до 22 часот, со цел контејнерите да не се преполнуваат. Во летниот период се зголемува количеството на органски отпад кој се исфрла од домаќинствата (овошје и зеленчук), со самото стоење во контејнерите се распаѓа и создава непријатен мирис. Градот Скопје им препорачува на граѓаните да ги затвораат капаците на контејнерите кои се нови и функционални за да се спречи ширењето на непријатниот мирис од фрленото ѓубре.Градот Скопје апелира до скопјани да го почитуваат и комуналниот ред во Градскиот парк, отпадоците да ги фрлаат во новопоставените корпи и да не ја загадуваат средината. Граѓаните се замолуваат да ја чуваат и да не ја оштетуваат урбаната опрема во паркот и да не го загадуваат зеленилото.Доколку не се почитува Законот за јавна чистота инспекциските служби на Градот Скопје ќе преземаат соодветни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

