Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јовановски е лош сигнал за инвеститорите
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Зоран Јовановски, новоизбраниот потпретседател на СДСМ, може да нанесе големиштети на граѓаните и на банкарскиот сектор со сегашната позиција, затоа што ги знае сите силни и слаби страни на банките
Зоран Јовановски, до пред две недели, главниот човек за супервизија во НБРМ, согласно законот, не требало да ја извршуваа таа функција, која е наменета за вицегувернерите. Од друга страна пак, законот предвидува вицегувернерите во Народната банка, по напуштањето на функцијата, да не смеат, најмалку 2 години да бидат ангажирани или вработени во која било банка во државата, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. “Една од причините за оваа норма е токму фактот што супервизијата располага со детални податоци, за активноста на секоја банка. Поседувањето на овие податоци може да создаде силна конкурентска предност за една банка во однос на другите, или пак да уништи некоја банка. Зоран Јовановски не беше вицегувернер, но Зоран Јовановски ја вршеше функцијата на главен супервизор“, праша на денешната прес-конференција Александар Бичиклиски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Јовановски, кој е е советник на Комерцијална банка и потпретседател на СДСМ, знае која банка со колку средства располага, колкави депозити има, каков е нејзиниот кредитен регистар, кои се клиентите, каква стратегија и цели остварува, какви инвестиции планира. Исто така, ја знае акционерската структура на банките, ги знае нивните силни и слаби страни, нивните можности и ризици, а ги знае сите банкарски трансакции на граѓаните, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.Со неговите нови функции, сметаат од најголемата политичка партија на власт, на Хари Костов и на Бранко Црвенковски им се достапни тие информации, па можат да ги употребат за свои цели.“Сега тие податоци ги имаат и Хари Костов и Бранко Црвенковски. Хари Костов преку нив може да создава предност за својата банка или да уништува друга банка, а Бранко Црвенковски со нив може да условува, да врши притисок и да уценува“, рече Бичиклиски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јовановски не требаше, веднаш по напуштањето на позицијата во НБРМ, да отиде во Комерцијална банка, и тоа на само неколку дена пред да стане потпретседател на СДСМ, затоа што се испраќа лош сигнал до потенцијалните инвеститори дека банкарскиот сектор во Македонија е полн со интриги, конспирации и девијации, партизиран, и како таков не гарантира услови за успех.
Од СДСМ експресна реакција во која се вели дека очигледни се фрустрациите на владејачката партија после 10-тиот Конгрес на СДСМ.
“Уште еднаш повторуваме дека нивните оценки за новите кадровски решенија на СДСМ, ниту не интересираат ниту не загрижуваат.За нас единствено меродавни се ставовите на граѓаните на Република Македонија, кои на жал на ВМРО ДПМНЕ, се позитивни“, се вели во реакцијата на СДСМ..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и по неисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците
Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција и проверка на законодавството за спречување на корупција. Претседателот на Државната комисија за спречување корупција(ДКСК), Адем Чучуљ вели дека ќе настојуваат да најдат системски решенија против корупција и во секторот животна средина.
„Исклучително ни е драго што со нашите партнери од РАИ сме дел од овој проект кој опфаќа значајна системска активност за детектирање ризици од корупција во две значајни области, тоа се внатрешни работи и животната средина и исто така антикорупциска проверка на легислативата во овие две области. Целта е системски во овие области да се детектираат соодветните проблеми и да се изнајдат механизми за нивно надминување односно преку системски решенија да ја спречиме корупцијата во овие две области“, рече претседателот на ДКСК, Чучуљ.
Директорот на РАИ, Алберт Хани вели дека по секторите култура и образование, на кои веќе работеле, сега на ред се безбедноста и животната средина кои се идентификувани како ранливи кај нас, а тие се тука да помогнат на државата да развие механизми за справување со корупцијата.
„ Механизми постојат, затоа и постоиме ние, да им помогнеме на државите да развијат механизми со кои ќе се справуваат со корупцијата, механизми кои ќе значат едноставно да се креира состојба во која договорите за корупција ќе бидат многу поскапи, многу потешки, многу понеисплатливи и секако ненаградувачки договори“, рече директорот Хани.
Претседателот на ДКСК, Чучуљ, кажа дека во завршна фаза е носењето на новата национална стратегија за спречување корупција во која се детектирани ризици во седум сектори меѓу кои е и животната средина. Од новата стратегија тој очекува да биде поприменлива, да го зголеми надзорот, но и да детектира одговорност за нејзина непримена. Стратегијата треба да боде донесена до крајот на овој месец.
Македонија
Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која на дневен ред беше минималната плата. Тој обвини дека власта на мала врата пробува да утврди усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари.
„Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми“, вели Трендафилов.
Тој најави дека протестите ќе продолжат на средината на март. „За жал, борбата продолжува повторно на улица на средина на март“, објави Трендафилов.
Премиерот, Христијан Мицкоски, претходно информираше дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет на дневен ред била Информација за висината на минималната плата.
„Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно закон. Очекувам на следната владина седница да го поминеме ова и како Влада и потоа нормално согласно висината на минималната плата од април за март да почне истата да се исплатува“, истакна Мицкоски и додаде дека очекува бипартитниот дијалог меѓу работодавците и работниците да продолжи во иднина да се интензивира.
Македонија
(Видео) СДСМ бара одговорност од власта за шверцот со петте тони дрога
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција побара одговорност од актуелната власт во врска со, како што рече, најголемиот нарко скандал во регионот, по заплената на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија.
Таа посочи дека повеќе од еден месец нема одговори како толкава количина дрога ја поминала границата и кој од врвот на власта ќе понесе одговорност.
Според Кузеска, од досега достапните информации произлегува дека станува збор за високо организирана криминална група која, како што рече, не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позиции во власта.
Кузеска наведе три клучни аспекти за кои, според СДСМ, треба да се утврди одговорност.
Првиот се однесува на локации во околината на Свети Николе, каде што, како што тврдеше, се вршел претовар на дрогата. Таа рече дека од фабрика во кругот на ОХИС „Алфафарм“ дрогата била транспортирана без полициска придружба, прашувајќи кој го дозволил тоа и зошто не биле извршени контроли.
Вториот аспект се однесува на начинот на пренос преку граница, при што, според неа, дрогата била препакувана како перници. Таа праша како, и покрај скенерите и контролите, пратките ја поминале границата, посочувајќи дека одговорност треба да се бара и кај царинските служби.
Третиот аспект, според Кузеска, е поврзан со информациите дека пратката завршила во магацин на локални функционери на српската СНС, за која рече дека е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, при што посочи и на наводни блиски врски со српски функционери.
„СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка“, изјави Кузеска, додавајќи дека не смее одговорноста да заврши само кај магационери, превозници и сопственици на фирми, туку, како што рече, мора да се утврди кој од власта ќе одговара.

