Македонија
Мото-фестивал под мотото „Над Македонија“ во Скопје
Мото-клубот „Ноќни Волци“ од Скопје, в петок и в сабота, по петти пат го организира традиционалниот Интернационален Мото-фестивал под мотото „Над Македонија“, под покровителство на Градот Скопје, под скопското Кале
Фестивалот нуди организиран кампинг, дефиле по улиците на Скопје, мото-егзибиции, натпревари од забавен карактер, многу награди, повеќе гратис обуки за „А“ категорија, а специјален подарок за најсреќниот посетител со купена влезница ќе биде мотор Чопер. На фестивалот ќе настапат и најквалитетните македонски рок-состави Морал, Смут, The Purple Zeppelin, Day Off, Why Not, кои се на програмата во 21 часот вечерва, а задолжени за утрешната забава се Зијан и Архангел, со целовечерен концерт, на кој премиерно ќе биде изведена песната „И Човек и Волк“, посветена на Мото-клубот „Ноќни Волци“.Во дневната шема, утре се предвидени натпревари од забавен карактер, а во 17 часот почнува дефилето на моторџиите низ скопските улици.На фестивалот ќе може да се видат повеќе од илјада мотори, како и домашни и странски гости од повеќе европски држави, а во двата дена фестивалот се очекува да го посетат околу 15.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

