Македонија
Стигнува Тамифлу во Македонија
Педесетина илјади кутии од лекот Тамифлу, кој меѓудругото помага при лекувањето од грипот А(H1N1), се очекува денеска да пристигнат во државата.
Набавката на лекарствата е дел од стратегијата за навремено спречување на појава или ширење на новиот грип од кој Светската здравствена организација веќе прогласи пандемија.Епидемиолозите пак во меѓувреме ги повикаа граѓаните да преземат построги хигиенски мерки со цел да спречат ширење на болеста.Граѓаните пак кои имаат висока температура, кашлање и малаксаност веднаш по телефон треба да го известат матичниот лекар, Брзата помош или Заводот за здравствена заштита.Македонија резервира уште 150.000 илјади кутии тамифлу кај производителот Рош. Досега не е пријавен случај на заболен или пак, лице со симптоми на свински грип.
Инаку, бројот на идентификувани случаи на новиот грип од типот А (H1N1) во Велика Британија изнесува над 1.000, соопшти денеска британското Министерство за здравство.Претставници на Министерството истакнаа дека во голем дел од случаите болеста поминува во лесна форма. Според нив, во Кралството има доволно вакцини против грип за успешна борба со пандемијата.Светската здравствена организација (СЗО) на 11 јуни прогласи пандемија на грипот А посочувајќи притоа дека дошло до зголемување на бројот на заразените и заболените лица во Велика Британија, како и во Австралија, во Јапонија и во Чиле. На територијата на Велика Британија најпогодени се Глазгов и неговата околина, како и шкотската област Клајд.Вирусот на грипот А се појави во април во Мексико и со голема брзина се прошири во светот. Досега болеста е регистрирана во 74 држави и притоа се заразени околу 30.000 луѓе. Од болеста 141 лице почина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

