Македонија
ЕУ – ни се тера ни се води
Избори 2009
Со ваквите резултати ЕПП продолжува да биде власт во Парламентот. Жозе Мануел Баросо, кој најверојатно ќе “брка” втор мандат за претседател на Европската комисија, уште во неделата вечерта им заблагодари на гласачите ширум Европа, но им вети и дека нивната волја изразена на изборите ќе биде почитуванаПишува: Катерина НЕШКОВАПобеда на десницата. Зелените повеќе не се маргиналци. Баросо ќе се бори за втор мандат во Комисијата… Маратонските избори за Европскиот парламент (ЕП) најпосле завршија. Но, ниту тоа што траеја четири дена, ниту тоа што беа најголемите наднационални избори во историјата на човештвото, не ги направи успешни.Повеќе од 375 милиони Европејци во 27 држави имаа можност да гласаат, но дури ни половината од нив не го направија тоа. Изборите кои завршија во неделата беа европски избори со најмала излезност до сега. На изборите се изгласаа 736 членови на ЕП со петгодишен мандат, што е помалку од претходните избори во 2004 г. кога беа избрани 785 европски парламентарци.Избирачите главно гласаа за кандидатите од националните партии, кои, пак, по формирањето на Парламентот ќе се вклучат во парламентарните групи што се формираат од идеолошки блиските партии. Десниот центар преку Европската народна партија и по овие избори ќе биде најдоминантната група во ЕП со 267 пратеници. Левиот центар, пак, освои 159 места, а либералите 81.Инаку, секоја држава донесе различен број пратеници. Најмногу има Германија – 99, додека, пак, Малта само пет. Овој сооднос помеѓу големите и малите сили во ЕУ ќе биде променет доколку биде доратификувана Лисабонската спогодба. Тогаш бројот на пратениците ќе биде фиксиран на 751. Со тоа Германија би загубила три места во ЕП (сепак, оваа држава ќе си го задржи бројот на парламентарци сè до 2014 г.), додека Малта и Словенија би добиле уште по еден пратеник. Инаку, европските пратеници немаат правна обврска за тоа чии интереси повеќе ќе ги застапуваат во ЕП: европските или националните. Практиката покажува дека често пратениците се залагаат и за двата типа интереси. Дури и тогаш кога некој пратеник доаѓа од национална партија (а не европска, какви што ги има неколку) станува дел од парламентарните групи на ЕП. Групите гласаат во блок кога тоа е возможно. Иако ЕП се чини како најзапоставен орган во Унијата, сепак тој е единствениот од трите главни органи (Парламентот, Советот и Комисијата) кој се избира директно од гласачите во државите-членки. Неговата улога, освен советодавна, т.е. во давањето мислења, е и легислативна и е дел од процедурата за создавање т.н. европско право.ДЕСНО НАСОЧЕНА ЕВРОПАДесниот центар е дефинитивниот победник на овие избори. Крајно десните и антиимиграциските партии исто така имаат напредок. Лабуристите од кралска Велика Британија и социјалдемократите од развиена Германија доживеаја историски пораз.Со ваквите резултати ЕПП продолжува да биде власт во Парламентот. Жозе Мануел Баросо, кој веројатно ќе “брка” втор мандат за претседател на Европската комисија, уште во неделата вечерта им заблагодари на гласачите ширум Европа, но им вети и дека нивната волја изразена на изборите ќе биде почитувана.“Резултатите покажуваа неспорна победа на сите партии и кандидати кои го поддржуваат европскиот проект и кои сакаат да ја видат Европската Унија како испорачува политика која ќе биде одговор на секојдневните потреби”, изјави Баросо.Лидерот на социјалистите Мартин Шулц смета дека поразот на целата левоориентирана политика треба да биде длабоко анализиран.“Ова е тажна вечер за социјалдемократијата во Европа. Навистина сме разочарани. Толку горка вечер!”, изјави Шулц по објавувањето на резултатите.Се чини дека најмногу “профитираа” маргиналните групи со крајно десна ориентација и антиимиграциските партии кои освоија места во Холандија, Австрија, Данска Словачка и Унгарија. Британската национална партија освои две пратенички места и тоа за прв пат во историјата на наднационалните избори. Многумина аналитичари предупредуваат дека ваквите резултатите мора сериозно да се земат предвид бидејќи Европа сè повеќе се радикализира.За рамнотежа, како победа може да се сметаат и освоените гласови на Зелените, т.е. на Зелената европска слободна алијанса (ГЕФА) која освои 50 пратеници, а досега имаше 43. Зголемувањето не е само бројчано, туку е уште поголемо поради тоа што е намален вкупниот број пратеници во ЕП.Шведската пиратска партија, којашто се залага за слободен проток на податоци на интернет, освои седум проценти од националните гласови, што ì донесоа еден пратеник од 18-те што ги има Шведска.Иако на домашен терен критикувани за тоа како се справуваат со глобалната економска криза, германската и француската власт не претрпеа штета.Германскиот канцелар Ангела Меркел го опиша надгласувањето на нејзините демохристијани над социјалдемократите како “сензационално” и дека тоа ги зголемува шансите за победа и на националните избори во септември.ЗЕЛЕНИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ВО МАЛЦИНСКОТО ГЕТОЕвропските зелени партии ги слават резултатите што ги постигнаа во неделата бидејќи екологијата им овозможи да добијат дури 50 места во ЕП. Зелените најмногу придобивки добија поради малиот одзив од симпатизерите на веќе етаблираните партии, но и поради тоа што тие немаа решение за климатските промени кои се важно прашање за обичните луѓе.“Од една страна, мислам дека срамота една партија целосно да се посвети само на екологијата. Но, од друга страна, пак, мислам дека сите партии во себе треба да имаат еколошки елемент бидејќи тоа е од интерес на секого. Европските Зелени добро работеа и тоа ни дава надеж дека ќе има вистинска дебата во Парламентот”, вели еден од гласачите.Лидерот на најголемата Француска зелена партија Даниел Кон-Бендит верува дека движењето сега дури е во состојба да ја контролира европската политика во делот на еколошките прашања.“Постои можност за здружување на независните групи во Европскиот парламент со цел да се даде една политичка насока при носењето одлуки, на пример при собирањето мнозинство против Баросо. Тоа се планира да се случи, ние го обезбедуваме таквото мнозинство”, вели Кон-Бендит.Во Германија, Зелените водени до Клаудија Рут, се традиционално силни и стабилни. Освоија 12 отсто од националните гласови.ЛИСАБОНСКАТА СПОГОДБА НА СТЕНД-БАЈОна што лебди како приказна од европските избори секако е неизвесната иднина на Лисабонската спогодба. Граѓанските демократи од Чешката Република во неделата победија и со тоа се придружуваат на главно антифедералистичка група во Европскиот парламент. Чешка е една од трите држави кои ниту ја одбиле Лисабонската спогодба, но ниту ја ратификувале.Останатите две се Ирска и Полска. Ирска го чека вториот референдум во септември, додека, пак, полскиот претседател Вацлав Клаус вели дека нема да ја потпише Спогодбата додека Ирците не кажат “да” за неа.Владејачката Граѓанска платформа се јави со порака, но откако видоа дека излезноста е мала. Тие ги победија конзервативците (Партија за право и правда) на близнаците Кацзински кои се евроскептици и кои исто така за да ја потпишат Спогодбата би ја чекале одлуката од Ирска наесен.Ваквиот исход го подобруваат и шансите на британските конзервативци да формираат нова група десни антифедералисти во Брисел и во Стразбур со поддршка токму на Граѓанските демократи и Партијата за право и правда. Конзервативците веќе го напуштија десниот центар на ЕПП-групата која ќе доминира во новиот парламент, но за да формираат група ќе им требаат пратениците од уште најмалку четири држави.
Што направи големата шесторка? ФРАНЦИЈА – 72 пратенициНеделата вечер беше добра ноќ за францускиот претседател Николас Саркози кога неговата партија УМП (десен центар) освои 28,5 отсто од француските гласови на изборите за Европскиот парламент, оставајќи ја опозицијата т.е. социјалистите со рејтинг од 17 проценти.Резултатот беше уште подобредојден за претседателот бидејќи последните неколку месеци порасна гневот на јавноста околу начинот на кој тој се справува со последиците од економската криза.Најголемо изненадување сепак беше зелената Европска екологистичка партија, којашто го освои третото место освојувајќи 16 отсто од гласовите. Излезноста на овие избори во Франција е најниска од сите досегашни европски избори. Само 40 отсто од 44 милиони избирачи во неделата го искористија своето право на глас.ГЕРМАНИЈА – 99 пратенициКонзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел на европските избори успеаја да ги “избуткаат” нивните централно-леви ривали, што беше еден од најголемите тестови за јавното мислење пред националните парламентарни избори што ја чекаат Германија во септември.Христијанско-демократската партија (ЦДУ) освои близу 38 проценти од германските гласови, што е помалку од 44,5 отсто што ги освои на претходните европски избори во 2004 г. Сепак, победата е голема поради тоа што поразот на социјалдемократите е голем. Тие освоија 21 процент од гласовите, што за нив е најлош резултат на кои да е избори. Вистински победници се најверојатно помалите партии, како што се Слободните демократи кои освоија 12 отсто и Зелените кои освоија 11 отсто од гласовите.Излезноста во Германија беше малку нас европскиот просек. На гласање излегоа само 44 отсто од полнолетните Германци.ИТАЛИЈА – 72 пратенициНиту папарацо-фотографиите од забавата со разголени девојки не го спречи премиерот Силвио Берлускони со неговата десноориентирана партија да освои 35 проценти од гласовите во Италија и да победи на изборите. Сепак, Берлускони не успеа да ги освои зацртаните 40 отсто, што според аналитичарите се должи токму на серијата лични скандали на италијанскиот премиер непосредно пред изборите.Добро помина и Северната лига, антиимиграциска партија која освои 11 отсто од гласовите, што е три проценти повеќе од ланските парламентарни избори. Второпласиран е левиот центар со освоени 28 проценти.Италијанците на овие избори беа дисциплинирани и излезноста изнесуваше околу 64 проценти, што е една од највисоките во ЕУ.ПОЛСКА – 50 пратенициВладејачката десничарска партија Граѓанска платформа е победник на европските избори во Полска освојувајќи 45 отсто. Премиерот Доналд Таск ваквата победа ја протолкува како да му е дадена “нова доверба” на неговиот кабинет. Високиот процент освоени гласови, според аналитичарите, се должи на тоа што Полска досега е најмалку погодена држава од економската криза. Евроскептиците освоија 30 отсто, а Социјалдемократската алијанса – 13 проценти од гласовите. Одзивот на гласачите беше само 27 проценти, што е повеќе од 20-те отсто од европските избори во 2004 г., но никако споредливи со речиси 54 отсто од последните парламентарни избори.ШПАНИЈА – 50 пратенициСоцијалистичкиот премиер Јосе Луис Родригез Запатеро изгуби на европските избори во Шпанија. Неговата партија освои 38,5 отсто од шпанските гласови, наспроти десничарската опозиција која освои 42,25 проценти. Шест пратенички места освоија и помалите партии од Каталонија и Баскија.Најголема причина за поразот е економската криза што ја зафати оваа европска држава и што предизвика најголема невработеност после Шпанската граѓанска војна во триесетите години на минатиот век.Единствената надеж за Запатеро е што наредните национални избори се дури за три години.ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – 72 пратенициТоа навистина беше една од најлошите ноќи на владејачката Лабуристичка партија која освои минимални 15,3 отсто – што е најлош резултат на оваа партија по Втората светска волја. Лабуристите се дури трети на листата партии кои влегоа во ЕП.Најголем се смета успехот на крајно десната Британска национална партија, која освои две места во Брисел. Сепак, најмногу гласови освои Конзервативната партија – 28,6 отсто. Резултатите од изборите се уште еден дополнителен притисок врз премиерот Гордон Браун, кој се соочува со проблеми и внатре во партијата и кому тројца министри веќе му дадоа оставка.ОдзивПросечниот одзив на европските избори кои завршија во неделата е 43 отсто, што е најниска излезност на избори во ЕУ досега. Најмалку излезени гласачи имаше во Словачка (19,6%) и Литванија (20,9%). Најголем одзив имаше во Луксембург (91%) и во Белгија (85,9%), со тоа што и во двете држави гласањето е задолжително.подрамче1979 – 62%1984 – 59%1989 – 58%1994 – 57%1999 – 50%2004 – 45%2009 – 43%Баросо “се моли” за уште еден моментПретседателот на Европската комисија (ЕК) Жосе Мануел Баросо се надева дека победата на европските изборите му е потврда за втор мандат во телото кое ги создава политиките на ЕУ. Но, и покрај силната победа на Десницата од која доаѓа и Баросо, според новите правила во Парламентот ако Лисабонската спогодба помине пред септември (кога ќе се формира ЕК), за да стане претседател ќе му треба апсолутно мнозинство, т.е. гласовите од 369 парламентарци.Поддржувачите на Баросо, ЕПП и Либералната алијанса, не можат да седат мирни поради тоа што е тешко да се најдат нови сојузници, особено во опозицијата на Баросо во која се и Зелените на силниот Даниел Кон-Бендит. Левите стојат настрана и поради поразот не се подготвени на компромиси.Преговорите веќе се во тек, и тоа ЕПП ги убедува социјалистите за поддршка на Баросо во замена да го добијат претседателствувањето со Парламентот. Од друга страна, и Кон-Бендит ги убедува социјалистите да се здружат со неговите Зелени.Баросо може разумно да се надева на успех, но иста така странските известувачи јавуваат дека социјалистите како да најавуваат нова алтернатива за претседател на Комисијата, поранешниот белгиски премиер Гај Верхофтадт, кој во 2004 г. го изгуби изборот поради ветото на Тони Блер.Како и да е, номинацијата на Баросо веќе е најавена дека ќе се случи во наредните неколку недели. Потврдата за него и останатите членови на Комисијата, Парламентот ќе ја направи во ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

