Македонија
Уставот не важи за нас!
Обраќање на Јана Петрушевска, внатрешно раселено лице од Арачиново, по повод нивниот Ден – 20. Јуни
20. Jуни е Светски ден на бегалците, во тој контекст и на внатрешно раселените лица од конфликтот во 2001 година во Македонија. Самиот збор бегалец асоцира на тоа дека од некого сме избркани или протерани, особено што не станува збор за природна катастрофа.Како што овој ден е назначен како Светски ден на бегалците, така постојат и светски норми со кои ваквите проблеми се решаваат. Така, според начелата за внатрешно раселување, државата е должна да го заштитува имотот што раселените го оставиле зад себе и, доколку не направи услови во кои раселените би се чуствувале безбедно за повторно враќање, да изврши компензација на целокупниот имот на раселените. Во нашиот случај не важат никакви норми нити правила. Во нашиот случај не се почитува ниту Уставот на Р. Македонија според кој, при судски постапки на лица на кои им се повредени основните човекови права, треба да се почитуваат принципте: приоритет и итност. Нашиот статус не е воопшто респектабилен, ние осум години не можеме да излеземе од колективните центри и шест години од основниот Суд во Скопје. Допрва не очекува Апелација, Врховен суд, а можеби и Стразбур.Во текот на овие осум години смртноста на раселените се зголеми за 500 отсто, починаа 48 раселено лице, од кои две се убиени, намерно се опожарени 24 македонски куќи во Арачиново, од кои 2 во 2009 година. Во затворски услови за кои државата префрла по 400 денари на ден (раселените не добиваат пари) изгубивме надеж дека еден ден ќе бидеме помилувани. Поради безброј немили настани во селото продадени се поголемиот дел од куќите, но никој не смее да констатира дека етничкото чистење е веќе завршено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

