Македонија
Градоначалникот на Скопје секој петок на средби со граѓаните
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, утре од 10 до 17 часот организира отворен ден за средби со граѓаните во просториите на Град Скопје
Целта на овие средби со скопјани е да се даде можност да разговараат со градоначалникот Трајановски за проблемите од делокругот и работата на Град Скопје, а со кои тие секојдневно се соочуваат.Од Градот најавуваат дека отворен ден и средби со граѓаните ќе се организираат секој последен петок во месецот. Овој петок, со градоначалникот Трајановски ќе се сретнат граѓаните кои веќе се пријавиле во Граѓанскиот информативен центар на Град Скопје.За следните средби со градоначалникот, граѓаните кои сакаат да присуствуваат треба да се пријават на телефонските броеви: 3297 255 и 3207 536.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

