Македонија
Тачи: Охридскиот договор е мртов
Охридскиот договор не се имплементира, тој е мртов, а Владата на Македонија последнава година само потврдува дека тој договор е мртов
Ова е ставот кој денеска го повтори во интервју за Радио Слободна Европа, Мендух Тачи, лидерот на опозициската ДПА, објаснувајќи зошто се залага за нов договор.„Сево ова го правам како последна опомена дека Македонија е пред голема опасност“, вели Тачи порачувајќи им на сите што толку многу ги потценуваат Албанците и системот на мерење на капацитетот на Албанците како дилетанти и луѓе што ништо не ги интересира со зборовите „ако овој предлог не успее, ќе бидеме живи, ќе видиме“.„Капацитетите, енергијата на Албанците, ако ова не се прифати, ќе завршат со албанска држава внатре во овие територии“, нагласува лидерот на ДПА.Можеби до одредени места ќе има промени на Уставот, но треба да разјасниме нешто. Апсолутно не се зборува за територија, за федерализација, туку ако ги нервира овој наш Договор, ние ќе имаме друг пристап, рече Тачи, додавајќи дека ќе го земеме Охридскиот договор и да видиме до каде се исполнети тие начела што ги има во него. Ако е 30 отсто исполнето, тогаш да се договориме како да ги надминеме другите 70 отсто.„Ќе бараме соработка со сите, особено со меѓународната заедница. Се’ уште давам предност на таа парадигма ЕУ и НАТО, мултиетничност“, изјави во интервју за Радио Слободна Европа лидерот ДПА, Мендух Тачи.Претходно, Тачи во изјава за албанската телевизија Топ Чанел го обвинил македонскиот премиер Никола Груевски, дека има за цел да ја уништи Македонија.Тачи акцентот на своето обвинување го стави на Охридскиот договор, кој, според него, е целосно уништен токму од Македонците и врвот на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

