Македонија
Насилниците и мирните демонстранти исти пред законот?
Плоштад слобода и Прва архи бригада се запрепастени од пријавите против студентите, учесници на мирниот и најавен протест од март, годинава, кога на плоштадот Македонија дојде до тепачки, кои доброволно дале изјава во полиција за настанот
Плоштад слобода и Прва архи бригада ја сметаат одлуката на Министерството за внатрешни работи за покренување на прекршочна постапка против учесниците во мирниот и уредно најавен протест од март, годинава, за скандалозна, покрај другото и затоа што во пријаите стоеле матичните броеви на секој од нив.“Со изедначување пред законот на насилниците и мирните демонстранти, министерството врши систематски притисок врз оние кои имаат став спротивен од владеачката структура, и испраќа директна закана дека секое јавно искажување на истиот ќе биде санкционирано“, рече Славчо Димитров од Плоштад слобода, на денешната прес-конференција.Од Плоштад слобода и од Првата архи бригада бараат повлекување на прекршочните пријави против студентите и нивните поддржувачи, поради тоа што правото на протест и јавно искажување на став право го гарантира уставот на Република Македонија. “Бараме да се казнат организаторите на спонтаниот собир, кои не само што нарушија ова право, туку посегнаа по физичката безбедност на студентите, повикаа на верска, национална и омраза по други основи, сето тоа пред очите припадниците на МВР, кои исто така треба да сносат одговорност“, додаде Димитров.Плоштад Слобода и Прва архи бригада најавија дека ќе продолжат да ги застапуваат своите ставови и покрај спорното омекнување на ставот на Владата, предметот да го префрли под ингеренција на МПЦ. За нас, неуставно е неуставно. “Сеедно дали се работи за закон, одлука на влада или ДУП, ние сметаме дека ова е финансирање на верска заедница, и дека се работи за фаворизирање на МПЦ“, вели Димитров.Тие најавија дека ќе побараат средба со претставниците на меѓународната заедница во државата, за да ги информираат дека со ова државата ги крши меѓународните конвенции кои ја обврзуваат да го почитува правото на протест и да ги заштити учесниците во пртестите од контра-демонстрантите.“Ние остануваме на ставот дека на локацијата предвидена за верски објект црква, не треба да се гради никаков објект, и истиот ќе продолжиме да го застапуваме на секој можен креативен и правен начин. Тој дел од плоштадот е јавен простор, за јавна употреба и простор низ кој поминуваат најфреквентните пешачки правци во градот“, рече Дивна Пешиќ од Прва архи бригада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

