Македонија
Фондацијата Т-Мобиле придонесе за здравството
Фондацијата Т-Мобиле подари донација од ЕКГ и медицинска опрема за возилата за Брза помош, во износ од 17.000 евра за 10 општини низ Македонија.
Опремата се состои од електрокардиограф, ото-офталмоскоп и медицински ургетен сет за секое од возилата во општините. Со оваа донација значително ќе се подобри опременоста на возилата на медицинските центри. – Сакам да ја изразам мојата искрена благодарност до луѓето од фондацијата на Т-Мобиле – изјави заменик-министерот за здравство д-р Владимир Поповски којшто ја прими донацијата од претседателот на фондацијата Даниела Анѓелиќ.По повод седум години од постоењето на оваа фондација во Македонија, чија примарна цел и фокус на дејствување се здравството, хуманитарнитата работа и пред се децата, им помогнала на над 90 индивидуи преку хуманитарните броеви за донации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Центар е единствената општина што обезбедува пелени и хигиенски производи за децата во градинките
„Остануваме прва и единствена општина во Македонија која обезбедува пелени и хигиенски средства за децата во градинките. Целосно ги покриваме потребите на секое дете, а родителите се ослободени од дополнителни трошоци. Продолжуваме да инвестираме во квалитетно образование, грижа и инфраструктура на градинките, за да создадеме сигурна и здрава средина за нашите најмлади”, порача градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски за време на посетата на ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин.
Герасимовски, во рамките на посетата, имаше можност да се запознае со тековните активности и програмите за подобрување на воспитно образовниот процес во градинката.
Директорката на градинката Елена Устамитова информираше за работата и потребите на градинката. Таа истакна дека, покрај реализирањето на бројни активности за децата – како што се учење странски јазици, компјутерска обука, ритмичко-спортска и културна програма, во континуитет се работи на подобрување на условите и воведување нови иновативни пристапи за развој на најмладите.
Устамитова порача дека секоја поддршка од општината е добредојдена во претшколските установи.
,,Пелените, влажните марамчиња, течните сапуни и средствата за дезинфекција не само што ги подобруваат хигиенските услови во градинката, туку претставуваат и значително олеснување за семејниот буџет на нашите корисници”, посочи директорката Устамитова.
За Герасимовски ова е пракса која би требало да ја следат и останатите општини.
„Во услови кога секој ден носи нови потешкотии, важноста на заедничката грижа за децата и семејствата никогаш не била поголема”, додаде Герасимовски.
Македонија
Тренчевска: СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД
СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ смета дека е исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата со корупцијата, вели Јована Тренчевска пратеничка на СДСМ.
„Сите сомнежи за корупција и злоупотреби на јавни средства мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани. Апел до сите партии да се остават праводусните органи да си ја завршат својата работа“, посочува Тренчевска и додава:
„СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество за сите, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата држава“.
Македонија
Тренчевска: ДПМНЕ не прифати ниеден амандман на СДСМ за буџетот, ова досега се нема случено
Власта на ДПМНЕ води политика на инает и не прифаќа ниту еден предлог на опозицијата за подобрување на животот на граѓаните, за поголеми плати, за почист воздух, за проекти низ општините. Ниту еден амандман на СДСМ во собраниската комисија ДПМНЕ не прифати, што досега се нема никогаш случено во историјата на македонското Собрание. Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците. Одбиен се амандманите за покачување на платите на полицајците за 20%. Одбиен е амандманот за зголемување на платите на пожарникарите. Одбиен е амандманот за поголеми платите во образованието. Се што е предлог за покачување на плати го одбива. Мнозинството го враќа моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.
– Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци. Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите. Работниците, полицајци, наставниците, пожарникарите, заслужуваат почит, достоинство и фер плати. Од друга страна додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите. За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра. За службени возила и луксуз за дури 75% од парите се зголемени. Тоа се приоритетите на новата власт.
Во исто време, владејачкото мнозинство ги одбива и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на автобуси, за реконструкции на улици. Буквално се одбива секој предлог на опозиција за проекти кои се важни за граѓаните. Само неколку примери: Одбиен е амандманот за пречистителна станица во Валандово и колекторскиот систем во Дојран, одбиени се амандманите за набавка на еколошки автобуси, за улицата Ленинова, за намалување на загадувањето, за локални патишта до Демир Хисар, за клучката кај Брвеница. Пред нас е пленарната седница и апелираме власта да се вразуми, да го прекине овој политички инает и да ги прифати амандманите кои се во интерес на сите наши граѓани. Пратениците на ДПМНЕ треба партиските директиви да ги заменат со ставање на интересот на граѓаните на прво место, да покажат интегритет и да делуваат за граѓаните а не за партијата – нагласи Тренчевска.