Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека бараме да се укине мисијата на ЕУ
Лага е дека Владата и премиерот Никола Груевски барале укинување на мисијата на Европската Унија во република Македонија, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната објава на некои медиуми дека Груевски побарал амбасадорот Ерван Фуере да си замине од државата.
Дека останува на својата позиција до крајот на својот мандат, како и тоа дека Канцеларијата на ЕУ во Скопје ќе продожи да работи денеска потврди и смаиот Фуере.„Било каква одлука во врска со мандатот на специјалниот претставник на ЕУ е работа за земјите членките во Брисел, е не за тука. Во меѓувреме, јас продолжувам со мојот мандат. Пред нас имаме уште многу работа и јас ќе ја посветам целата моја енергија да го исполниме тоа за време на мојот мандат“, изјави денеска Фуере, одговарајќи на прашање за наводите дека Македонија барала од Брисел укинување на Европската мисија во земјата.Тој нагласува дека со иста посветеност ќе продолжи да и помага на земјата во исполнувањето на бараните реформи за приближување кон ЕУ. Неговото присуство во Македонија не значело оти државата е во криза, како што медиумите вчера објавија затоа зошто владата би поскала затворање на Канцеларијата на Унијата.„Постои големо недоразбирање околу значењето на присуството на специјалниот претставник на ЕУ. Некои луѓе ова го поврзуваат дека станува збор за земја која е во криза. Тоа не е случај. Специјалниот претставник е тука да поддржува, советува и да помага во сите неопходни реформи во Македонија и ние на ова гледаме како на елемент за зајакнување на капацитетот на земјата да ги постигне реформите за членство во ЕУ.“, изјави евроамбасадорот Фуере.Евроамбасадорот посочи дека има „одлични односи“ со премиерот Никола Груевски“, од кого побарал брзо да именува наследник по оставката на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски.„Со премиерот имавме средба во средата, исто така и минатата недела. Јас ја нагласив важноста брзо да се именува наследник на Боцевски, бидејќи ние веруваме дека е многу важно процесот на реформи да продолжи и оти не треба да стои празно место во така важен ресор.Такво нешто би можело да има негативно влијание“, изјави Фуере.Од владејачката партија велат дека присуството на мисијата воопшто не е работа на партиите, туку на самата Европска Унија.„Бидејќи сме држава кандидат за членство во Унијата и евроамбасадорот и Канцеларијата во Скопје ги сметаме за партнери“, изјавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

