Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Петковски да ги соопшти спонзорите за сценариото
Опозицијата да помогне во побрза интеграција на државата и во спроведувањето на реформите, а не да наметнува теми кои не се во интерес на државата и кои се конструкција, бара ВМРО-ДПМНЕ по денешната иницијатива на Тито Петковски за интерепелација на Владата.
„Наместо да одмагаат, да помогаат. Тоа можат да го прават преку креирање позитивна атмосфера и заложби за побрза интеграција на државата, како и за спроведување на реформите во Република Македонија наместо да наметнуваат теми кои се што не се во интерес на граѓаните и правење конструкции од измислени теми“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој побара од Петковски, како прв кој почнал да го спроведува сценариото на кое веќе неколку дена предупредуваат, да ги каже неговите спонзори.
„Цениме дека инцијативата е дел од едно поголемо сцнариот и нас играчите ни се добро познати, она што не го знаеме е кои се спонзорите и кои се луѓето кои го мотивираат ова сценарио“, побара Димовски.
Според него, предводници на инцијативата на Петковски и НСДП, се СДСМ заедно со поранешен коалицонен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и една албанска партија.
„Ова сценариото го прават политичари кои се провлекуваат 20 години низ транзиционата политичка сцена, а се симбол на сите неуспешни приказни почнувајќи од промашената приватизација, па се до промената на уставното име на Република Македонија во ФИРОМ. Нивна цел е да го нарушат угледот на РМ, но и да внесат конфликти и раздор во македонското општество, за на крај себеси да се прогласат за спасители. Тоа го правеа во 2007, а и во 2001 г.“, изјави Димовски обидувајќи се да го лоцира изворот на наводното сценарио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

