Македонија
Нимиц: Оптимист сум дека ќе се постигне решение
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц во интервју за емисијата „Отворено со народот“ на МТВ истакнува дека доколку двете страни се флексибилни може да се изнајде решение до крајот на годината
„Ако двете страни сериозно се ангажираат за прашањето решение ќе има брзо“, истакна Нимиц.Тој не прецизира дали во Скопје доаѓа со нов предлог за името, но вели дека спорот е комплициран и оти доколку двете страни се флексибилни до крајот на годината ќе се најде решение, пренесе МИА.„Ќе барам од преговарачите многу напор и работа. Во Скопје ќе ги слушнам внимателно ставовите на македонската страна, да постигнеме напредок во преговорите“, изјави Метју Нимиц во интервјуто за емисијата „Отворено со народот“ на МТВ.Медијаторот рече дека има голема поддршка од ООН во посредувањето и дека воопшто, не чувствува притисок.Посетата на Метју Нимиц на земјава е најавена за наредната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судски совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат разрешени
Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови, како што е во Деловникот – како што биле назначени, така ќе бидат и разрешени. Ова го истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши по негативниот извештај за работата на Судскиот совет.
Тоа би значело дека петмината членови нназначени од Собранието би можеле да бидат отповикани во Комисијата за именување и назначување. Од оваа комисија ќе зависи кога ќе почне процедурата, односно да биде на дневен ред веднаш штом ќе се создадат услови за тоа прашање.
„Вчера усвоивме негативен извештај за работата на Судскиот совет и по тој заклучок може да ги отповикаме и разрешиме“, рече Гаши.
Тој нагласи дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието, со цел да не биде направена правна грешка.
Македонија
Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба е стабилна, а Владата носи подобра економија, повисоки плати и го враќа достоинството кое изминатата влада од СДСМ и ДУИ го распродаваше.
„Додека Мисовски размислуваше дека Талат Џафери за него е идол и инспиративен спикер на Собранието, изнесе навреди и квалификации. Чувствувајте се безбедно, се надевам после овие години минати во Парламент, минати на грбот на граѓаните ќе имате богата новогодишна и божиќна трпеза и ќе уживате во мирот и безбедноста што оваа влада предводена од коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ во која составен дел се коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ овие денови ќе ви бидат безбедни и мирни, не треба да се грижите и за годините кои следат“, изјави Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Горан Мисовски поврзано за безбедносната состојба.
Мицкоски му порача на Мисовски да ги повика на одговорност сите оние кои му биле идоли и коалициони партнери да се вратат и да дадат одговор пред органите, поради криминалот за кој постојат основани сомневања дека го правеле.
„Во оваа мирна и безбедна Македонија ќе можете да се почувствувате и вие горди кога овие 3% раст од економијата во третиот квартал, сега во четвртиот ќе бидат 4%. Буџетскиот дефицит ќе биде помал од 4% што ќе се намали за прв пат после долги години јавниот долг. Ќе ги гледате среќните лица на пензионерите коишто ќе добијат покачување од 5.000 денари, ќе ги видите радосните лица на вработените во јавната администрација кои за прв пат ќе имаат К15, средства кои за жал вие не ги предвидовте“, изјави Мицкоски.
Додаде дека во безбедна и мирна Македонија, вработените во образование и здравство добиваат повисоки плати, и може да си дозволат повеќе од тоа што можеа да си дозволат изминативе 7 години кога влада беше СДСМ и ДУИ, а исто така сега со новата влада има рекордни откупни цени за земјоделците.
„Ќе гледате како министрите од оваа влада која обезбедува безбедна и сигурна европска Македонија се борат да го вратат достоинството кое вие го распродадовте изминативе седум години. Разбирам дека ова вас не ви значи ништо. Ние ќе се бориме да го повратиме тоа кое го распродадовте и секоја година по малку ќе дојдеме до тоа што му е потребно на македонскиот граѓанин“.
Македонија
Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и за Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ
На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на Собранието, Африм Гаши. Интерпелации се поднесени за вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и за неговиот заменик, Астрит Исеини, за министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, и за Илире Даути, претседателка на Комисијата за социјала политика, демографија и млади.
„Најавата е дека веќе на почетокот на јануари ќе биде свикана првата седница ќе биде за тоа. Очекуваме околу 10 јануари, но сè уште не е свикана седницата. Ќе бидат ставени на дневен ред како што е по Деловникот. Ако има одговори, ќе бидат ставени на дневен ред како што доаѓаат одговорите, ако не, ќе ги ставиме на дневен ред како што доаѓале. Интерпелацијата како инструмент нема правна последица и нема егзекутивна моќ во нашиот правен поредок. Тоа е повеќе демократска алатка за политичка дискусија за една тема, за еден носител на должност или избрано и именувано лице од Собранието“, рече претседателот на Собранието, Гаши.
Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ и за Исеини на 3 декември ги поднесе пратеничката група на „Европскиот фронт“ по апсењата за инцидентите при одбележувањето на Денот на албанското знаме.
Интерпелацијата, пак, за Илире Даути ја поднесе партијата Левица на крајот на ноември оти во рок од 24 часа не го ставила на дневен ред на собраниска комисија законот за бранители.