Македонија
Затворени осум плажи на Охридската ривиера
Министерството за транспорт и врски соопшти дека вчера е извршен инспекциски надзор на плажите на Охридската ривиера, при што поради неисполнување на безбедносните услови на осум од нив е забрането капењето
Охридската капетанија соопшти дека капалиштата на плажите Извиднички центар, „Младост“, „Евронационал“, „Пајнчар“, „Бовел“, „Бетон“, „Силекс“ и „Корали“ не биле соодветно обележани, а плажите немале ангажирано ниту спасители на вода на што се обврзани со закон.На сите им е изречена времена мерка забрана за вршење дејност, односно на осумте плажи е поставен знак „Забрането капење“. На концесионерите им е даден рок до утре да ги обезбедат капалиштата, во спротивно следува раскинување на договорите за закуп.Најавено е дека контролите на плажите ќе продолжат и во иднина, а санкционирани ќе бидат сите оние кои нема да се придржуваат кон одредбите од договорите за закуп. Посебно внимание ќе се обрнува кон одредбите со кои се одредува искористеноста на просторот, односно маси, лежалки и други реквизити можат за заземаат најмногу 60 проценти од просторот, додека остантиот дел од плажите мора да биде слободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

