Македонија
Македонија во Хаг со доказите против Грција
Македонија денеска треба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг да го поднесе меморандумот со писмените докази во спорот против Грција
Македонската страна смета дека Спогодбата е нарушена при грчкото вето при пријавата за членство на Македонија во НАТО на Самитот на НАТО одржан во Букурешт во април 2008 г. Милошоски, исто така, потенцираше дека македонската страна цврсто останува посветена на сите аспекти од Времената спогодба, особено на преговарачкиот процесот со Грција, со посредништво на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц. За застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата е назначен министерот Антонио Милошоски, а како ад-хок судија во овој случај пред Судот е назначен хрватскиот професор по меѓународно право, д-р Будислав Вукас, инаку професот на Правниот факултет на Загрепскиот универзитет. Метју Нимиц, изјави дека од македонските власти добил уверување дека нема да се откажат од преговорите и барањето заедничко решение за проблемот. „Сигурен сум дека ова постапка нема да ја намали посветеноста на македонската вла- да за продолжување на процесот под покровителство на Генералниот секретар за изнаоѓање решение за името, и дека Владата има намера во најскоро време да именува нов преговарач во разговорите во ООН”, изјави Нимиц при поднесување на тужбата од македонска страна. Атина имала легални причини за ветото, пишува грчкиот печат. Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, по средбата со грчкиот премиер, изјавила дека за ветото во Букурешт Грција однапред обезбедила правно поткрепени причини, па поради тоа и тие поднесле противтужба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

