Македонија
Германски дипломат на велосипед до Скопје
Германскиот дипломат Франк Штосел, што треба да започне со работа во Гераманската амбасада во Скопје, утре ќе пристигне од Берлин со велосипед
По поминати 2.500 километри, низ седум земји, Франк Штосел ќе старува во Одделението за култура и печат при Германската амбасада во Скопје. Тој тргна од Берлин пред две и пол недели каде работел во Министерството за надворешни работи. „Германската амбасада во Скопје докажа: Дипломатите можст повеќе да држат говори и водат преговори. Тие на пример можат да возат велосипед и тоа прилично добро“, се вели во соопштението од Германската амбасада.„Кога се патува со велосипед, се осознава многу повеќе за земјата и луѓето. Човек станува свесен дека Европа не баш така мал континент и е неверојатно убав. Можам само да ја препорачам оваа Тour d’Europe“, вели Штосел.Штосел заминал од Берлин, преку Прага, Виена покрај Дунав до Будимпешта. Поради поплавите во делот на Европа каде поминувал Штосел, се одлучил за подолгиот пат преку Нови Сад и Белград. Германскиот дипломат попатно застанал во Неготин и Пирот во Србија, како и во Ќустендил, Бугарија. Како што соопштуваат од германската амбасада, расположен и среќен стигнал во Македонија, во Куманово. Утре Штосел ќе ја оствари својата цел на пристигнување Скопје, во претпладневните часови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

