Македонија
Доделени визи за најдобрите студенти
Најдобрите 18 студенти од завршните години на факултетите низ Македонија добија бесплатни шенген-визи за патување низ Европа
„Целта на проектот ’Патуваме во Европа’ е 18 членки од Македонија преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските предности, навики и култури на другите земји и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија“, изјавија од Граѓанската асоцијација МОСТ, што го организираат овој проект.Ова е трета генерација на студенти кои ја искористиле оваа предност да патуваат во Европа. Досега 60 студенти во текот на изминатите три години биле учесници во овој регионален проект во кој студентите од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија ги претставуваат нивните земји во Европа. Студентите добија Inter Rail карта за едномесечно патување низ Европа. Нивното патување ќе започне во среда со тридневен престој во Берлин, што е голема чест за претставникот на Германската амбасада во Скопје, Соња Боне, која ја донираше бесплатната шенген-виза.„Имаме и причина да бидеме и малку нажалени денеска, бидејќи оваа е последна година во која ние можеме да ви помогнеме со вашите патувачки визи“, изјави Боне, нагласувајќи ја предноста што со себе ја носи визната либерализација. Таа ги очекува и студентските аспекти за нејзината држава. Им додели и посебни бележници за да ги запишат нивните впечатоци, за кои, како што рече, „ќе им одземе малку време од нивното патување“.„Ова ќе биде убаво искуство, нови знаења, изучување на јазиците и културите на другите земји различни од нашата“, рече Виолета Стојаноска, студент од Медицинскиот факултет во Скопје и еден од студентите кои ќе патуваат во Европа, додавајќи дека досега не патувала во Европа.Конкурсот беше отворен за сите студенти од завршните години кои се со просек 8,5. 18-те студенти добија и осигурување од Сава Табак, пари од НЛБ Тутунска банка, а попусти во текот на своето патување ќе можат да искористат со ISIC картичката донирана од Аурора Турс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

