Македонија
Експлодира трафостаница во Капиштец

Хаварија на трафостаница предизвика претпладнево прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од населбите Капиштец, Водно и Козле
Дежурниот диспечер во ЕВН Македонија изјави дека на терен се испратени екипи, кои интензивно работат на отстранување на дефектот.Според изјави на граѓани, дошло до експлозија на трафостаница во Капиштец.Потрошувачката на струја деновиве е драстично зголемена поради високите температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ: Демографија не се подобрува со кампањи, туку со квалитетен животен стандард и јасна перспектива за младите

„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата. Денес, младиот човек во Македонија е оставен без иднина. Стандардот е уништен. Платите се недоволни, а Мицкоски се заканува со нови даноци. Со вакви политики, за кратко време, тој ќе ги избрка сите од државата“, велат од СДСМ.
„Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за „семејните вредности“. Демографијата не се решава со кампањи за „семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и сигурна социјална заштита.
Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат. Тоа е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада. Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики.
Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни и да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема“, соопшти СДСМ.
Македонија
Многу топло време со температура до 41 степен, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во среда, а особено во четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе има значително опаѓање на дневната температура. Ќе дува засилен северен ветер, а претежно во северните делови ќе има повремен дожд.