Македонија
Брисел го опсервира напредокот на Македонија
На шестиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, највисоката форма за дијалог меѓу ЕУ и Македонија акцент ќе биде ставен на исполнувањето на одредниците поврзани со почетокот на пристапните преговори, како и за укинувањето на шенгенскиот визен режим за македонските граѓани
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и вицепремиерите Васко Наумовски и Абдулаќим Адеми, вечерва во Брисел со европската тројка предводена од Карл Билт, министерот за надворешни работи на Шведска, актуелниот претседавач со ЕУ, ќе го разгледаат напредокот на Македонија во процесот на приближување кон ЕУ и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.Состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација е само два месеца пред објавувањето на Извештајот на Европската комисија од кој ќе зависи дали Македонија ќе добие препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Во Брисел денеска заседаваат и шефовите на дипломатиите на ЕУ. Иако официјално не беше на агендата, на средбата стана збор и за Западен Балкан. Уште еднаш е искажана целосна поддршка за интеграцијата на регионот во ЕУ, со укажување оти забрзаната процедура околу кандидадатурата на Исланд за членство во Унијата, не значи оти ќе бидат заборавени нивните евроаспирации.„Нема никаква можност Балканот да биде заборавен’, вели британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд.За побрзо приближување на балканските државите до ЕУ се заложи и шефот на шведската дипломатија Карл Билт. „Треба да најдеме нов ентузијазам за интегрирање на државите од Западен Блкан во ЕУ“, додава Билт.Во контекст на европерспективите на регионот, Билт во интервју за денешен Фајненшел Тајмс оценува дека ЕУ ризикува да го изгуби кредибилитетот и да ја зголеми политичката нестабилност на Балканот доколку не ги доближи земјите од регионот до исполнување на нивната цел – членство во Унијата. Педупредува дека националистите во регионот повторно би можеле да зајакнат во однос на проевропските политички сили во некои поранешни југословенски републики доколку почнат да слабеат изгледите на тие земји за влез во ЕУ.Весникот потсетува дека Хрватска и Македонија се единствени официјални кандидати во регионот за членство во Унијата, иако преговорите на Хрватска се закочија поради спорот со Словенија околу границата, а Македонија се’ уште нема почнато преговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

