Контакт

Македонија

Грбот – полу орел, полу лав?!

Објавено пред

Грифонот како кројка

dobivaj vesti na viber

Глава на орел и тело на лав, поставени на црвена основа, во форма на земски грб т.е. штит би претставувале едно компромисно решение за државниот грб кое би било прифатено и од албанските партии кои инсистираат симболот да има мултиетнички карактер. Воедно новото животно, воопшто не е ново. Станува збор за грифон кој како симбол – грб се употребувал на територијата на Македонија во текот на 13 и 14 век, а многу потсетува и на ламјите од македонските народни приказни што, пак, содржат многу симболи на националниот идентитетПишува: Катерина НЕШКОВАДомашната задача не значи само да се сработи она што ни го дале учителите надвор од дома. Напротив, има одредени работи кои државата треба да ги направи без разлика на тоа дали некој тоа од неа го бара или не. Дури и да ги исполни сите одредници кои ни ги зададе Европската Унија, Македонија нема да стане повеќе држава отколку што би била кога би имала државен грб. Државата и натаму нема да може ја заокружи својата државотворност оти е единствената европска држава која нема еден од трите основни државни симболи што го одразуваат нејзиниот суверенитет и идентитет. По речиси 19 години од референдумот за самостојна и независна држава, ниту една политичка гарнитура не собра сили да исцрта и да го донесе државниот симбол кој недостасува.

Но, ако во претходната деценија имаше неколку, иако никогаш докрајдефинирани предлози за избор на симболот, политичкиот дијалог за државниот грб сосема замре пред повеќе од една година. Последните разговори поврзани со него беа кога ДУИ во 2007 г. успеа некој иден закон за државен грб да го вметне во листата на закони кои би се носеле со Бадентерово мнозинство, т.е. со мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на етничките заедници.

По тоа, премиерот Никола Груевски се обиде да почне некаква постапка за избор на државниот грб со тоа што предложи од стариот грб од времето на СРМ и СФРЈ да се извади петокраката. Но, дури и вакво решение не доби поддршка и не влезе во собраниска процедура.Во недостаток на консензус меѓу политичките партии и стручната јавност, Форум истражуваше што би можело да биде кројката на која би се темелело едно идно, прифатливо решение за државниот грб.СТАРИОТ ГРБ НЕЗАКОНСКИ УПОТРЕБУВАННеделникот и пред една година се обиде да го покрене прашањето околу државниот грб, но партиите единствено беа расположени да разговараат само за пропаднатите обиди да се смени т.е. изгласа нов државен симбол. Она што е пострашно е дека законски не важи ни стариот грб. Тој практично е укинат со уставниот закон за спроведување на Уставот од 1991 г. И покрај тоа, неговата употреба е задолжителна во институциите и на личните документи. Извесен период, со цел да се избегне употребата на стариот грб на кој е изразена комунистичката симболика, грбот беше целосно запоставен. На пасошите наместо грб беа поставени две митски суштества едно наспроти друго кои личеа на мали ламји, односно, како што други објаснуваат, лебеди кои пијат вода. Тој знак денес е симболот на македонското Министерство за надворешни работи. Стариот грб е вратен во употреба на личните документи со биометриските пасоши оти е невозможно на патната исправа, според меѓународните стандарди, да не стои државен грб. Но, како Македонија остана без државен симбол?Со Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија во 1991 г., Собранието се обврза државните симболи на Македонија да се донесат во рок од шест месеци од прогласувањето на Уставот на Република Македонија.“Уставната комисија на Собранието на Република Македонија распиша конкурс за државните симболи на Македонија, меѓутоа, за жал, процедурата за нивното донесување во рок од шест месеци од прогласувањето на Уставот на Република Македонија не се испочитува”, се потсетува Тодор Петров, (претседател на Светскиот македонски конгрес и пратеник во првиот собраниски состав) за неделникот Форум пред една година.

Во илјадниците идејни решенија за грб и знаме што пристигнаа на конкурсот доминираа лавот и сонцето, како и жолтата и црвената боја. Експертска група на Уставната комисија на Собранието на Македонија тогаш заклучи дека не било никаква грешка доколку за државен симбол на Македонија се употреби еден од нив, но конкретно решение не даде.“Договорот меѓу пратеничките групи беше сонцето да биде утврдено и за грб на државата, на триаголен штит со вметнување на буквата М, како иницијал на името на државата. Меѓутоа на денот на гласањето пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повлече својата поддршка за сонцето за грб на Македонија, со нов предлог, златножолтиот двоопашест лав на црвена основа”, раскажува Петров.

По иницијатива на СДСМ, Петров повторно предложи закон за грбот на Македонија со златножолтиот двоопашест лав на црвена основа, идејно решение на Мирослав Грчев, меѓутоа до крајот на мандатот на првиот парламентарен состав не се постигна согласност, а по законот воопшто не се гласаше во Собранието. Нов и последен сериозен обид за донесување државен грб е оној на Никола Поповски во мандатот од 1998 до 2002 г. Тој предложи да се избере истиот државен грб што се употребуваше до 1991 г., само без петокраката. Но, и овој предлог не беше прифатен. Истото пет години подоцна, но само во изјава, го побара и Груевски. Во меѓувреме, СМК имаше и една неуспешна граѓанска иницијатива за донесување закон за државен грб по идејното решение на Грчев.ПРЕМОЛЧЕНИ ИЗМЕНИВо меѓувреме, стариот грб без соодветна законска поткрепа доживува секојдневни модификации. Различни државни институции користат различни варијанти на грбот. Најголема разлика има во петокраката што се наоѓа на врвот на грбот. Некаде таа е полна, некаде со двојна линија, некаде празна. Има разлики и во бојата на пченицата, тутунот, памукот и афионот кои се исцртани на амблемот.Но, промената не е ништо ново. Грбот на НР Македонија (оној на кој денес се повикуваме) е усвоен на Второто вонредно заседание на Народното собрание, одржано на 26 јули 1946 г., каде што е донесен Законот за грб на НР Македонија. Во првиот член од Законот се дава описот (блазонот) на овој грб: “Грбот на Народна Република Македонија е поле опкружено со житно класје, испреплетено со плодови од афион и листови тутун, кои на долната страна се поврзани со лента исшарана со народни мотиви. На лентата е напишано: НР Македонија. Меѓу врвовите на класјето се наоѓа ѕвезда петокрака. Во средината на полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце”.

Весникот Нова Македонија, два дена подоцна, го објавува овој закон заедно со прикажан грб и објаснување: “Грбот на НР Македонија е симбол на слободата и братството на македонскиот народ и богатството на македонската земја. Житното класје, плодовите на афионот и листовите тутун го претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија. Петокраката ѕвезда ја симболизира Народноослободителната војна, со која македонскиот народ ја доби слободата. Народниот мотив на лентата ги изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина, која била центар на народноослободителните војни во минатото, а реката која тече е Вардар, најпознатата македонска река во Републиката. Пирин и Вардар истовремено ги претставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување. Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија”. Јасно е дека дизајнот и објаснувањето на грбот е различен од грбот кој се користи подоцна. Извадена е лентата, а планината Пирин станува Кораб. Модификации се прават и на петокраката, но и во боите што се користат на грбот.Иако не се знае кој е авторот на ваквите измени, делумно причината за тоа е тоа што го нема т.н. изворник односно еталон на грбот кој е опишан во стариот закон. Првиот примерок го нема ни во Собранието на Република Македонија, ни во Државниот архив, каде вообичаено и според прописите треба да се чува. Се претпоставува дека е изгубен во времето на белградската администрација.КАКОВ ГРБ НИ ТРЕБАСтариот грб спаѓа во т.н. пејзажни грбови. Овој амблем претставува опис на пејзажните карактеристики на Македонија: планините, реките, полињата и сонцето. Венецот ги преставува културите кои се одгледуваат во Македонија: пченица, тутун, памук и афион. Црвена петокрака ѕвезда на врвот е симболот на тогашната социјалистичка владејачката идеологија. Пејзажните грбови биле типични за социјалистичките држави. Македонскиот грб, како и оној на СФРЈ се под директно влијание на грбот на СССР. Според експертите за хералдика, овие грбови често немале никаква историска заднина, туку само идеолошка. Дури и во описот: афион, жито… се бара поврзаност со системот на планирано индустриското производство типично за државите со комунистички режим.Оттука, експертите предупредуваат дека идниот државен грб не може како мостра да го има стариот грб. Ако се направат некакви измени (како што е вадењето на петокраката), тоа би значело само привремено решение додека државата не го изнајде соодветниот амблем.“Новиот државен грб треба да има две особини, пред ликовно да се осмисли. Тој мора да биде хералдички и да биде историски, односно да има историска заднина во грбовниците”, вели Јован Јоновски, претседател на Хералдичкото здружение на Македонија.

За новото решение, Јоновски вели дека во никој случај не смееме повторно да одбереме некој пејзажен грб.“Да не правиме кипарско решение кое подразбира на бела основа, исцртани границите на државата. Или, пак, босанското решение кое подразбира триаголник што ги симболизира федералните единици на Босна. Тоа се грбови на конфликт”, предупредува Јоновски.Форум се обиде да принајде основа на која може да се темели некое идно решение за државниот грб. Притоа беа земени предвид два фактора: хералдичката документација и објаснувања на експертите за досегашните македонски грбови и барањата на партиите особено на албанскиот фактор кој инсистира новиот грб да биде одраз на граѓанскиот аспект.Од она што мое да се открие, како добра кројка за грб би претставувал грифонот т.е. суштество со глава и канџи на орел и тело на лав. Грифонот како дел од амблем бил користен на македонската територија во текот на 13 и 14 век. Грб од македонско потекло со вакво суштество неодамна бил предаден од баварската библиотека на грбовници. Грбот го има регистрирано Хералдичкото здружение на Македонија.“Се работи за грб на македонски крал. Датира пред грбовите за лавовите од 1590 г., примерокот што го имаме е од 1448 г. Тоа е едно од поновите откритија. Грифонот го има како симбол на најмалку уште два амблема од овие простори”, објаснува Јоновски.

Инаку, грифонот не е нов симбол во Македонија. Станува збор за митско суштество со тело од лав и глава и крилја од орел. Лавот како крал на животните и орелот како крал на птиците ја симболизираат моќта и величественоста на грифонот. Во некои објаснувања грифонот се толкува како пределемент на ламјите од македонските приказни. Во нив, пак, содржани се илјадници симболи на националниот идентитет на народите кои живееле на овие простори. Грифонот го има и во христијанските храмови. Во Македонија, на пример, го има во црквата Св. Кирил и Методија односно Параклис во Прилеп. Таму, потпирките за рацете од Владичкиот престол ги држат резбани грифони.“Тој грб е легитимно поврзан со Македонија”, констатира Јоновски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Објавено пред

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

dobivaj vesti na viber

Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.

Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.

На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Објавено пред

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Забраната се однесува за следните термини:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:

Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот

– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Објавено пред

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија12 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија13 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија15 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија17 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија17 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија17 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија19 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија20 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион21 час

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет21 час

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа22 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија23 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет23 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија2 дена

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија2 дена

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ2 дена

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...