Македонија
Игелбергер: Грците да пораснат и да признаат дека Македонија има право да се именува како сака
Грците мора да пораснат и треба да признаат дека Македонија има право да се именува онака како што таа сака, смета поранешниот државен секретар на САД, Лоренс Игелбергер
Во интервју за Македонската телевизија, Лоренс Игелбергер посочува дека Грција нема никакво право да се меша, односно да ја блокира и условува Македонија да се вика онака како што се вика и како што таа сака да ја нарекуваат. „Тоа би било како Мексико да ни кажува нам Соединетите Американски Држави, дека ние не можеме да бидеме Соединети Држави, бидејќи тие се Соединети Држави на Мексико. Тоа е налудничаво! Тоа е чиста глупост! Ќе нагласам: Македонија има право да се нарекува, како што таа сака и според тоа вие треба да и кажете на Грција и на Грците да си ја гледаат својата работа!“, вели Игелбергер. „Ако Грците и Бугарите продолжат да ја ’туркаат’ Македонија ќе биде малку незгодно, но не возбудувајте се многу околу тоа. Вие сте доволно силни да ги поднесете сите тие притисоци, така што на крајот Бугарите и Грците ќе мора да попуштат и да ја прифатат Македонија каква што е“, додава Игелбергер. За него се сосема погрешни најавите Бугарија да ја блокира европската иднина на Македонија, а тие потези не го гарантираат мирот на Балканот. „Мислам дека е погрешно прашањето со кое Бугарија се меша во внатрешните работи на Македонија. Ако тие се мешаат во внатрешните работи на Македонија, тогаш треба веднаш да престанат. Тоа не е најубав начин да се зачува мирот меѓу соседите и не е начин на кој се дефинираат добрососедските односи. Бугарија нема право да го блокира влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО, но тогаш се поставува прашањето дали земјите-членки на НАТО и ЕУ се подготвени да слушаат?“, истакна Лоренс Игелбергер во интервју за МТВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

