Македонија
Божидар Димитров, бугарски министер: Македонија страда од криза на идентитетот
Бугарскиот министер без ресор Божидар Димитров ја опиша Македонија како држава којашто страда од криза на идентитетот. Ова тој го изјави во синоќешното интервју за бугарската телевизија БТВ, а го пренесува весникот Бугарија морнинг њус
„Таму имаше уникатен закон според кој тоа што си Бугарин те прави криминалец и можеш да завршиш од 3 до 5 години затвор. Веќе таков закон не постои, но Бугарите се репресирани на секој можен начин. Тоа е обид да се спречи процесот на ре-бугаризација“, изјавил Димитров.Тој, како што пренесуваат бугарските медиуми, го коментирал неодамнешниот случај на затворената Спаска Митрова, бугарската државјанка во Македонија.„Со ваков случај Македонија се обидува да го надмине сопствениот проблем: криза на сопствениот идентитет со Бугарија, Грција и Албанија. Секако дека ние не можеме да се согласиме на тоа“, рекол бугарскиот министер.Тој потенцирал дека ќе направи се’ што е потребно за Митрова да биде прегледана од бугарски лекари, бидејќи станало јасно дека нејзината здравствена состојба е влошена во последните неколку дена.„Случајот е, пред се, од хуманистичка природа, отколку од правна. Претпоставувам дека и покрај нејзината лоша здравствена состојба, Македонија ќе ја држи во затвор само за да покаже дека го брани националниот интерес“, изјавил Димитров.Според него, почнала да слабее определбата на бугарските политичари да и’ помогнат на Македонија при нејзиниот влез во Европската Унија и НАТО.Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер вчера на прашање дали е возможно Бугарија да стане пречка на патот на македонската евроинтеграција, јасно нагласи дека двете држави „не треба да создаваат проблеми таму каде што ги нема“. Претходно, со сличен став излезе и евроамбасадорот Ерван Фуере кој рече дека сите проблеми треба да се решаваат со разговор помеѓу државите.Од бугарското МНР вчера соопштија дека завршиле посетите за месец август на бугарскиот конзул на Спаска Митрова во затворот во Идризово. Дипломатскиот претставник на источниот сосед го искористил своето право двапати, колку што му било дозволено од македонското Министерство за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„По даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе се обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано снабдување со вода за пиење за домаќинствата во Бел Камен“, вели Ѓорѓиевски.
Според него, овој зафат значи сигурно, квалитетно и континуирано водоснабдување за домаќинствата во Бел Камен, чиста вода за пиење во секој дом.
Ѓорѓиевски најави дека по поставувањето на новата водоводна мрежа, ќе следува и реконструкција на улиците.
Македонија
Цената на дизелот се намалува
Цената на дизелот се намалува за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ)
Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопшти РКЕ.
Македонија
За побрз пристап до услугите, промовирани е-киоск и е-сандаче; Андоновски вели дека дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ-стратегија СМАРТ/МК 2030 нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку конкретни, мерливи решенија, што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.
„Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, без разлика на дигиталните вештини или пристапот до лична опрема“, истакна Андоновски.
Денеска беа промовирани терминалите за услуги (е-киоск) како практично решение за дигитална инклузија и побрз пристап до услуги. Планот е терминалите да бидат поставени на фреквентни локации во државата и да бидат достапни 24/7, со јасно воден процес и визуелни инструкции, приспособени и за граѓани со пониско ниво на дигитални вештини.
Преку е-киоск граѓаните ќе може да се идентификуваат со лична карта или пасош, да изберат услуга, да извршат плаќање и да го добијат документот веднаш – испечатен на самиот терминал. Терминалите се особено значајни за руралните средини, повозрасните лица, граѓаните без постојан интернет-пристап и за општините со ограничени административни капацитети.
Министерот истакна дека е-сандачето претставува официјален, безбеден и правно валиден канал за комуникација меѓу институциите и граѓаните – централизирано место за прием на службени документи, решенија, известувања и други акти со доказ за прием.
„Важно е да се нагласи: е-сандачето не е обична електронска пошта“, потенцира министерот Андоновски.
Системот овозможува нотификации во реално време, побрза достава без чекање, следење статуси на предмети и поефикасна административна комуникација.
Во завршниот дел министерот нагласи дека со досегашната дигитализација на услуги, документ – менаџмент-систем во голем број институции, интероперабилност, како и со е-сандачето и терминалите за услуги државата води конкретна и мерлива имплементација на дигиталната трансформација, со цел ефикасна, достапна и европска дигитална држава.

