Македонија
Кој ја продава Владата?!

Иво Ивановски, министерот за информатичко општество ја „нуди“ Владата на Република Македонија на парче, за две илјади фунти комад!
Според понудата на една странска фирма, која во името на македонскиот министер нуди учество на тркалезна маса, ако платите котизација од 2000 фунти, покрај привилегирано место на средбата ќе добиете и „тет-а-тет“ средба со министер по ваш избпор, почнувајќи од премиерот Никола Груевски па се до директорот на дирекцијата за спречување перење пари и тероризам! Деновиве во една македонска компанија пристигнала понуда, а потоа следувало и телефонско убедување во кое на раководството на фирмата му се укажувало дека е „пожелно за финансиска котизација во висина од две илјади фунти“ да ја искористат можноста и преку нив да остварат директни средби со кој и да е министер од Владата, почнувајќи со премиерот. Во поканата на фирмата Британски Издавачи, меѓу другото стои: „Британските издавачи развиваат блиски односи со македонскиот министер за информатичко општество, Иво Ивановски и неговиот тим“. Натаму, компанијата Британски Издавачи тврди дека министерот Ивановски „игра значајна улога во Македонија“, и има „големо влијание во ИЦТ општеството“.Во поканата за тркалезната маса „е-Влада“, која е најавена за првата седмица од септември, се вели дека „агендата за дебата и дискусија ќе биде формулирана во повеќе детали кога ќе биде пуштена поканата“. Главни говорници ќе бидат премиерот Груевски, министерот за информатичко општество Иво Ивановски, директорот на Инвест Македонија, директорот на Британските издавачи .Пракса во светот е на вакви тематски конференции учесниците да партиципираат со котизација, но во ниту една земја не се нудат „тет-а-тет“ средби, за пари со премиери, министри, директори и јавни лиучности! Во отсуство на подетални информации, се очекува министерот Иво Ивановски да ја објасни оваа јавна понуда за продажба на македонската Влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ексминистерот Ацо Спасеновски нелегално исплатил над 7,3 милиони денари на фирма за мониторинг и истражувања

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски, е осомничен дека со лажни извештаи за мониторинг овозможил исплата на над 7,3 милиони денари на фирмата Меѓународен Агро Консалтинг. Управата за финансиска полиција против него и уште против едно физичко и правно лице поднесе пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и помагање.
Ексминистерот, кој бил на должност во 2009 година, потпомогнат од второпријавениот А.Ѓ сопственик и управител на третопријавеното правно лице Меѓународен Агро Консалтинг, ја злоупотребил својата службената положба и овластување на начин што дал налог и исплатил фактури во вкупен износ од 7.338.551 денари за што биле доставени и примени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вкупно 27 невистинити извештаи за извршено научно и мониторинг истражување.
Со тоа овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист од 7.338.551 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Македонија
(Видео) Земон: Mали се шансите организацијата на изборите да се смени во една изборна единица

Пратеникот Рубин Земон еден од 17. пратеници, кои ги иницираа измените на изборниот законик, на прес-конференција во Собранието, рече дека со илјдници амандмани, очигледна е намерата за блокада и мали се шансите да се смени организирањето на изборите од шест во една изборна единица.
Тој сепак ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се откажат од блокадата и седнат на маса да дебатираат и донесат заедничко решение.
„Очигледна е намерата за блокада, со толкав број амандмани, не може да заврши расправата во комисиите. Амандманите се нелогични и нејасни и очигледно немаат намера да ги повлечат, затоа што ова не се одлуки на пратениците, туку политички одлуки. Ги повикуваме уште еднаш да седнеме на дебата и да ги донесеме измените затоа што според наши истражувања над 75% се за една изборна единица“, истакна Земон.
Тој рече дека нема информација дали и кога ќе почне амандманската расправа, додавајќи дека за тоа требало да одлучи претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.
Уште еднаш потенцираше дека не се менува изборниот модел, кој останува пропорционален, туку начинот на организација на изборите од 6 во 1 изборна единица.
Додаде и дека не е точно оти албанскиот блок ќе добиел помалку пратеници, туку со оваа идеја се очекува поголем број пратеници од етничките заедници.
Македонија
Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците да користат мобилни телефони

Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта во општината.
Од таму велат дека прекумерното користење на телефоните за време на наставата од страна на учениците и наставниците станува сериозен проблем во целокупниот образовен процес.
„Со цел непречено одвивање на наставниот процес, ја донесовме оваа мерка која стапува на сила од почетокот на второто полугодие. За секој наставник што нема да ја почитува, ќе следува дисциплинска мерка. Наставниот кадар во иднина за потребите на наставата ќе може да се служи само со друга информациско-комуникациска технологија, но не и со телефон“, велат од Општината.
Учениците, пак, ќе можат да ги донесат телефоните во училиште, но нема да им биде дозволено користење додека трае наставата. За време на часовите, мобилните на учениците треба да бидат исклучени и ставени на определено место.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде