Македонија
Караманлис со нови пораки до Скопје и до Анкара

Грчкиот премиер уште еднаш ги обвинува македонските власти за национализам и за менување на историјата
„За последен пат сакам да се обратам до Скопје и да повторам дека вековната историја ниту се брише ниту повторно се пишува. Повторувам дека за националните прашања Грција има јасни ставови и нема да отстапи ниту чекор“, истакнал Караманлис.Тој од Конгресот упатил и порака и до Турција, наведувајќи дека „европскиот пат води кон почитување на меѓународните обврски“.„Ние Грците сакаме Балканот да биде регион на стабилност и безбедност за сите. Нашиот ориентир е меѓународното право, меѓународните договори и взаемното почитување“, рекол Караманлис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје, Филип Андов – Сокол, и уште седум вработени, поради злоупотреба на службена положба.
Според обвинението, тие во периодот од март до јули 2024 година, овозможиле незаконски погодности за петмина осуденици, вклучително и спроведување до нивни домови и други локации за приватни потреби, соопшти Обвинителството.
Постапката беше отворена во февруари против десет лица, но за две е донесено решение за отфрлање поради недостиг на докази. Тогаш беше соопштено дека петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа.
Македонија
Муцунски во Охрид домаќин на шефот на албанската дипломатија: во фокус на средбата – унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на соработката

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид беше домаќин на својот албански колега, министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.
Во фокус на средбата беше унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во сите области од заемен интерес, со акцент на прашања од економската сфера – трговската размена, инвестициските можности и инфраструктурните проекти кои ги поврзуваат земјите долж Коридорот 8.
Двајцата министри разговараа и за тековните евроинтегративни процеси, регионалната соработка и можностите за меѓусебна поддршка на кандидатурите во рамки на регионалните иницијативи и мултилатералните организации, извести Министерството за надворешни работи.
Во рамки на посетата, министрите Муцунски и Хасани присуствуваа на церемонијата на свеченото отворање на Генералниот конзулат на Република Албанија во Струга, што претставува значаен чекор во насока на продлабочување на конзуларната, но и политичко-економската соработка меѓу двете земји.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите

СДС повторно бесрамно лаже за пожарот кој се случи во текот на вчерашниот ден во Чучер Сандево. СДС беше власт 7 години и наместо да се позанимава со набавка на возила, модернизација или пак да покрене некаков чекор за борбата со огнените стихии, тие гледаа од каде тендер да наместат и да ќарат провизии, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ.
За разлика од порано кога државата во летните периоди беше во пламен, велат од ВМРО-ДПМНЕ, сега се реагира веднаш.
Од партијата информираат дека 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите и дека Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени.
„Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава. Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра, а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари. На располагање се и по два полициски и армиски хеликоптери кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии. По 400 евра за 400 невработени се предвидени за сезонски работници за борбата со пожарите низ државата. Имаме план, Македонија ќе ги зачува белите дробови“, пишува во реакцијата.