Македонија
Поставени темелите на Спомен куќата на Ататурк
Денеска беа поставени темелите на Спомен куќата на Мустафа Ќемал Ататурк, основачот на модерна Турција
Во селото Коџаџик, во општината Центар Жупа каде што се одржа свеченоста присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кој изјави дека Мустафа Ќемал Ататурк е човекот кој во Турција остави најдлабока трага како осовач и прв претседател на турската Република. Големината на неговото дело, како татко на нацијата, е познато и признато како во Република Турција, така и надвор од нејзините граници.„Република Македонија е земја во која Ататурк имал многу спомени, а токму овдека во Коџаџик се наоѓа и родната куќа на неговите родители. Ваквиот спомен како големо кулутрно богатство е од исклучително значење за турската држава, за турската заедница во Република Македонија, но и за Македонија,“ додаде премиерот, пренесува Макфакс. На самиот настан присуствуваа и говореа и министерот за култура Елизабета Канческа Милевска и заменик министерот за култура и туризам во Владата на Република Турција Нехат Ѓул, кои се осврнаа на добрата соработка во областа на културата и пријателските односи меѓу двете држави. Спомен куќата ќе се гради врз темелите на некогашната куќа на таткото на Кемал Ататурк, Али Риза. Активноста ја реализираат локалната власт на општина Центар Жупа и Владата на Република Македонија. Вкупната инвестиција заедно со изградбата на патот до спомен куќата, ќе изнесува 650 илјади евра. Со изградбата на спомен куќата, се очекува голем број туристи и почитувачи на делото на Ататурк да го посетуваат ова место. Коџаџик е едно од десетината села на регионот Горна Жупа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

