Македонија
Се оградуваат локациите на кои се создаваат диви депонии
И покрај бројните апели на Општина Аеродром да не се создаваат диви депонии, несовесни граѓани и понатаму продолжуваат да фрлаат градежен и комунален смет и шут на недозволени места
Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ во изминатиот период организира отстранување на дивите депонии и тоа на улиците „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓи Капчев“, депонијата во близина на амбулантата во населбата Лисиче, пред градинката „Буба Мара“, како и поголеми депонии на други локации.Расчистувањето на диво формирани депонии на територијата на Општина Аеродром, продолжува деновиве со зголемен интензитет.Но, со цел да не се повтори старата практика на нецивилизирано однесување на дел од граѓаните и да се вратат грдите слики и непријатната миризба на истите локации, општинските служби како превентивна мерка почнаа да ги околчуваат и оградуваат, односно обележуваат со безбедносни ленти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

