Македонија
Да се смени концептот за вработување во администрацијата
Експертите тврдат дека текстот за Законот за државни службеници може да се подготви за три дена, но потребна е политичка волја за тоа да се случи
Во постоечкиот Закон за државни службеници од 2000-та година користен е концептот на работни места, за кој Македонците според професорот Борче Давитковски, се покажаа како мајстори за изигрување. Со секое менување на власта се ротираа околу 4.000 луѓе, тврди Давитковски и „само што ќе ги обучевме едните, доаѓаа други“, па квалитетот на работата на службениците се намалува.„Ни случајно нашата администрација не може да аплицира за фондовите на Европската унија кога нон-стоп се менува“, рече Давитковски, поздравувајќи ја иницијативата за јавна расправа по ова прашање и тоа, како што рече, токму во законодавниот дом.Според него, за државна администрација не се потребни патриски луѓе, туку способни професионалци, затоа што и кога македонија ќе добие датум за преговори, па и влез во Европската Унија, ќе ни секнат фондовите како што им се случи на Бугарите и на Роамнците.Давитковски смета дека треба да се напушти концептот на работни места и да се воведе концептот на кариера за да се создаде квалитетна администрација. Тој, исто така, забележа дека не треба да се носи Закон за државни службеници, туку за јавна администрација, кој би опфаќал над 120 илјади луѓе, додека државни службеници моментално се 7.500, а ако се продолжи со истиот тренд, ќе се намалат на четири илјади.Како што појасни вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски, Министерството за правда направило анализа и за таков закон, но тој треба да влезе во процедура на почетокот на следната година, а не како што претходно беше планирано во февруари годинава. Според професорот Мерсел Биљали, Законот за државни службеници со сите измени кои во него треба да се вметнат може да биде подготвен од експертите за многу кусо време, само доколку постои политичка воља. Методија Димовски, генерален секретар на Агенцијата за државни службеници рече дека во во Европа се користи мешовит концепт од двата за работни места и од концептот за кариера, но воведувањето на систем на конторла на Агенцијата за државни службеници ќе овозможи значително подобрување на спроведувањето и резултатите ќе бидат многу брзо видливи. „Сметам дека е време да се размисли за вицепремиер за јавна администрација. Што ќе ни е вицепремиер за евроинтеграции ако постојано добиваме забелешки од Брисел“, рече претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска.Вицепремиерот за евроинтеграции Наумовски, рече дека многу од забелешките на опозицијата за овојо закон во наредните денови до 10 септември, кога ќе биде собраниската седница со второ читање на Законот ќе бидат разгледани од Владата. „Во однос на забелешките коишто во изминатите неколку денови беа презентирани од страна на опозицијата тие се разгледуваат и постои расположение дел од нив да бидат прифатени онаму кадешто тоа е можно, со цел да постигнеме што е можен поширок консензус во однос на овој Закон, којшто е еден од клучните закони во однос на евроинтеграцијата на Република Македонија“, рече Наумовски.Забелешките на опозицијата најмногу се однесуваат на изборот на генералниот секретар на Агенцијата за државни службеници кој треба да биде избран од редовите на администрацијата со најмалку три години работно искуство во админситрација. Мандатот на секретарот е во спротивност со функијата која до тогаш ја обавувал, па СИГМА предлага таа да му престане. Со новиот закон Агенцијата ќе има поголеми овластувања, а отчет, според препораките од Брисел треба да дава на Владата, а не на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

