Македонија
Читајте книги во библиотеките во Општина Аеродром!
Делегација на Општина Аеродром деновиве ги посети библиотеките кои функционираат на нејзина територија
Во Општина Аеродром постојат три библиотеки-клонови кои функционираат во рамки на градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, поточно тие припаѓаат на централната библиотека „Страшо Пинџур“. Станува збор за библиотеката „Јане Сандански“ спроти ТЦ „Бисер“, на катот спроти „Тедико“, потоа библиотеката „Кирил Пејчиновиќ“ во ТЦ „Скопјанка“ на првиот кат и библиотеката „Рајко Жинзифов“ во населба Лисиче.Заинтересираните ученици и граѓани можат во секое време да ги посетат библиотеките и да ја користат богатата детска литература, како и литературата за возрасната читачка публика што ја нудат. Библиотеките располагаат со нови книги, современи збирки поезија, проза, лектири, книги на легенди и преданија, како и други книги со најразлични содржини и тематики, прилагодени за сечија возраст.Инаку, овие библиотеки секоја година реализираат посебни празнични промоции за зачленување, особено пред почетокот на учебната година, попусти за групни запишувања на ученици, како и бесплатно членство за деца на помала возраст.Општина Аеродром апелира до граѓаните, пред сè до учениците и до младите да ги користат библиотеките кои функционираат на нејзина територија и што повеќе да читаат книги, бидејќи на тој начин ќе го збогатат својот фонд на зборови. Меѓу другото, Општина Аеродром очекува дека на овој начин ќе ја стимулира читачката љубопитност кај младите генерации и ќе всади љубов и страст кон добрата книга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

