Македонија
Груевски не учествувал во корекции на спомениците, туку барал мислења од академици
Академик Серафимовски и покрај позитивните оценки и високото мислење за вајарите, најверојатно од личен анимозитет кон некои автори дава критики и неточни изјави во јавноста
Од Владата изразуваат жалење за тоа што се принудени да ги демантираат написите кои се со тенденција за целосна дискредитација на овие проекти. Според нив, од ваквите шпекуалтивни текстови изостануваат какви и да се аргументи и факти како би ги поткрепиле. Канцеларијата на премиерот ги демантира, како што се наведува во нејзината реакција „низата невистини и шпекулации“ кои се појавуваат во дел од медиумите, поврзани со изградбата на споменици кои се во надлежност на Општина Центар, а во кои се споменува премиерот Никола Груевски. Од таму информираат дека Груевски и академикот Томе Серафимовски пред неколку месеци имале подолг разговор во просториите на кабинетот на премиерот на неколку теми, а посебно била опфатена темата за изградба на споменици. Притоа, академик Серафимовски изнесол одредени свои квалификации за некои од ангажираните вајари за спомениците што ги гради Општина Центар, по што премиерот предложи дека доколку прифаќа може да ги види делата кои се во изработка и да даде свое мислење за истите. Академикот Серафимовски се согласил, но инсистирал тоа да биде во координација со Премиерот и претставници на Општина Центар. Исто така, Сефаримовски инсистирал при разгледувањето на спомениците со него да дојдат уште двајца академици, Цветан Грозданов и Хаџи Бошков, што од страна на Груевски било прифатено.Кога била посетена работилницата, спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев веќе биле испратени во леарницата во Италија, така што Серафимовски не можел да ги види за да ги оцени, а уште помалку тоа да го направи Премиерот. Тоа во четвртокот беше една од ударните информации на брифираните медиуми, за што од Владата велат дека воопшто не е точно. Поточно, во тој момент била во почетната фаза изработката на споменикот на Свети Кирил, и академиците ги дале своите мислења и забелешки по однос на тоа започнато дело што е на истиот професор кој ги изработи спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев. Според овие наводи, може да се извлече заклучокот дека станува збор за лични релации и евентуален анимозитет на професорот кој сега го работи споменикот на Свети Кирил и на академикот Серафимовски, сметаат од Владата, што не сакаат да го коментираат. За нив, како што велат, е важно е да се забележи дека академик Серафимовски за другите споменици дал помали забелешки и сугестии, а за некои од вајарите и самиот високо ги оценил.Авторите на делата кои се предмет на новинските написи, можат да потврдат дека не е точно дека Премиерот правел какви и да се забелешки и корекции на спомениците, велат од Канцеларијата за односи со јавноста. Оттаму тврдат дека нема никаква вистина дека Груевски имал средба со академикот Серафимовски во МАНУ. Академикот Хаџи Бошков, пак, тој ден не дал никаков коментар, а подоцна Серафимовски информираше дека Хаџи Бошков е вајар во друга област и дека не сака да учествува во давање свое мислење за деталите на спомениците во друга област на вајарството – реализам.„КПВРМ потенцира дека проектот со изградба на спомениците го води Општина Центар, а со посетата на академик Серафимовски (чии мислења беа прифатени во поголем дел како совети од дел од ангажираните вајари), Премиерот сакаше да слушне и други мислења на познат скулптор, од причина што овој проект честопати е дискутиран од јавноста и е доведуван во корелација со премиерот“, се вели во реакцијата на Канцеларијата за односи со јавноста на премиерот Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

