Македонија
Бекатон-плочки на платото пред Школката во Градски парк
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ од денеска редат бекатон-плочки на платото пред Школката, во Градскиот парк. Со бекатон-плочки ќе се покријат 200 квадратни метри
Бекатон-плочките се со црвена и сива боја. Претходно, на просторот се работеше машински ископ, се поставуваа рабници на платото со должина од 120 метри и се тампонираше. Се очекува градежните работи на овој простор да завршат до крајот на неделава. Школката, како и платото пред неа често се користи за организација на културни настани, мали концерти и манифестации. Со поставувањето на бекатон-плочките овој простор ќе добие уреден и урбан лик. Претходно, просторот пред Школката беше без одржувана тревна површина и запуштен во земјa и прав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто
Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти СДСМ со 46.385 гласови или 12, 51 отсто.
Коалицијата „Европски фронт“ има 19,37 отсто, односно 71.786 гласа, а Влен 60.779 (16,40 отсто).
Левица, според податоците има 22,050 гласови (5,95 отсто), а ЗНАМ 16.109 (4,35 отсто).
Резултатите постојано се ажурираат на веб страната на ДИК.
Македонија
Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК
Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати на ДИК.
Од обработените податоци, Силјановска има 148.568 гласа, односно 62,74 отсто, наспроти нејзиниот опонент со 71.906 гласа, односно 30,37 отсто.
ДИК претходно објави дека постигнат е цензусот за претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб
Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.
Така, од партијата анализираат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и другите партии на парламентарните избори.
Бројките на партијата досега се: ВМРО – ДПМНЕ – 20.713, СДСМ – 5.857, ДУИ – 7.552, ЛЕВИЦА – 1771, ЗНАМ – 1.552, ВЛЕН – 4.100, ГРОМ – 109.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на изборната единица број 2 во изјава за медиумите говорејќи за претседателските избори рече дека Гордана Силјановска Давкова има убедливо водство пред Стево Пендаровски.
Според партиските бројки, од избројани 12.54 осто од избирачките места, Сиљановска-Давкова има освоено 126.678 гласови, додека пак кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 51.965 гласови.