Македонија
Паљурчани бараат Црвенковски да им се извини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/fbe8b30f-465b-4dcf-bb64-573d508797ce-1.jpeg)
Бранко Црвенковски да се извини за делот од својот говор на саботниот конгрес на СДСМ во кој навредливо го спомена селото Паљурци, побараа денеска од координативно тело „Паљурци – македонско и европско наследство“.
„Во својот последен говор Бранко Црвенковски со навреди зборуваше за Паљурци и за сите села во Македонија. Бараме јавно извинување од Црвенковски, поранешен претседател на сите граѓани на Македонија, па и на нас кои по потекло сме од селата. Црвенковски треба да знае дека не е во ред да ги навредува селата, затоа што како Паљурци има илјадници села во Македонија. Во Паљурци секогаш чесно се живеело и се сакала Македонија“, изјавуваат од координативното тело.Црвенковски на конгресот на СДСМ во Универзална сала во саботата во својот говор порача дека со новата партиска програма Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел и кон Европа, а не кон Пела и Паљурци. Од коориднативното тело на потпмците од жителите на Паљурци одговараат дека патот до Брисел не се оди со навреди на македонските села, туку со почит кон своето. „Такви изјави се непотребни и служат за дневно – политички цели и настап пред своите сопартијци, се навредливи за сите такви места низ цела Македонија и сите села кои сепак имаат ставено свое камче за да го поплочат патот до Брисел, а посебно такви места кои мноу други ги сметаат за свети места како што е село Паљурци. И треба да знаат дека иако малку, тогашни 25 фамилии, граѓаните на село Паљурци и нивните потомци се горди на се она што значело и значи ова место“, велат од Паљурци.Пањурци во 1900 година имало училиште кое било дел од манастирскиот комлекс каде децата од сиропиталиштето и од селото се школувале и учеле на својот македонски јазик. Во 1900 година, покрај македонскиот учеле и француски и италијански јазик. Во тоа село некое време се криеле и македонски револуционери за што лично Гоце Делчев има пратено писмо до католичкиот Надбискуп во Пловдив во кое ја искажува својата благодарност на управата на манастирот во село Паљурци Во селото престојувал и се молел Апостол Павле!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.