Македонија
Распишан конкурс за партерно и хортикултурно уредување на скопски Градски парк
Градот Скопје распиша Конкурс за избор на идејно решение за партерно и хортикултурно уредување на локалитет во Градскиот парк
Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество во него имаат сите правни и физички лица, државјани на Република Македонија.Пристигнатите трудови ќе ги оценува жири-комисија, составена од претседател и два члена. При оценувањето на трудовите ќе се вреднуваат следните критериуми: изводливост и одржливост, економичност на решението, инвентивност во пристапот на обликување, понуда на растителни видови и нивна прилагоденост на локалните климатски услови, понуда на програмски содржини и компатибилност со општата намена на просторот, како и задоволување на сите прописи за движење на лицата со посебни потреби.Проектите треба да се достават најдоцна до 30-ти октомври оваа година, во просториите на Град Скопје, барака број 1. За првонаградениот на конкурсот е обезбедена награда од 60 илјади денари денари, второнаградениот ќе добие 30 илјади а третонаградениот 15 илјади денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

