Контакт

Македонија

Соопштение на Општина Кисела Вода за труењето на децата во Драчево

Објавено пред

Градоначалникот Марјан Ѓорчев го посети затруеното девојче, и побара од директорот на основното училиште „Рајко Жинзифов“ уште вечерва да се состане советот на родители, сите да бидат информирани и да се расчисти случајот

dobivaj vesti na viber

„Почитувани, во врска со случајот со учениците од ЦОУ “ Рајко Жинзифов” од населба Драчево, ве известуваме дека:На ден 17.09.2009 год. во училиштето имаше забележително отсуство на ученици од целодневната настава. Во текот на денот и мал број други деца кои утрото беа дојдени на настава, ја напуштија наставата. Во текот на вечерните часови директорот на училиштето добил сознание дека 14 ученици со своите родители побарале лекарска помош на Инфективната клиника. По извршениот преглед од страна на стручните лица од клиниката, 13 деца се пуштени дома, а едно е задржано на понатамошно лекување. Истовремено и една наставничка, покажала симптоми на труење, но по извршениот медицински преглед, истата е во добра здравствена состојба и е на домашно лекување. Вкупниот број на ученици кои не ја посетиле наставата вчера изнесува 63.На 18.09. 2009 од страна на училиштето, уште во раните утрински часови е известен Санитарниот инспекторат, по што веднаш пристигнаа во училиштето заедно со службени лица од Епидемиолшката служба. Земени се мостри за испитување, а земени се и брисеви од вработените лица од фирмата “Пудо Младост”, од Скопје, која ја врши доставата и предавањето на храната на учениците. Се до добивањто на конечните резултати од испитувањата, кујната е привремено затворена од Санитарниот инспекторат. ЦОУ “Рајко Жинзифов”, е краен корисник на услугите од фирмата, а за таа цел ја има отстапено  кујната на добавувачот, за вршење на тековните активности во врска со дистрибуцијата на храната и нејзиното делење на учениците. Фирмата која врши дистрибуција на готовата храна е избрана согласно законските прописи, како најповолен понудувач на јавниот оглас од вкупно шест фирми кои аплицирале. Изборот го изврши Комисија составена од 7 члена ( 3 наставници, 2 родители-членови на училишниот одбор, и 2 претставници, од кои еден од Министерството за образование и еден од локалната самоуправа).Во текот на денешниот ден претставници од општина Кисела Вода го посетија ЦОУ “Рајко Жинзифов”, а градоначалникот Марјан Ѓорчев, беше на Инфективната клиника каде го посети девојчето кое е хоспитализирано, разговараше со родителите и со медицинскиот персонал. Притоа, директно се запозна со моменталната здравствена состојба на девојчето која според медицинскиот тим, е добра и со подобрена клиничка слика, при што веќе во наредниот период ќе биде пуштена дома.Вечерва, директорот на ЦОУ “Рајко Жинзифов”, свика Родителски Совет, на кој родителите ќе бидат директно запознаени со конкретната состојба, но истовремено ќе се апелира и на родителите на останатите деца кои се’ уште не биле на лекар, а имаат пројавено соодветни симптоми, тоа да го направат што побрзо.Градоначалникот Марјан Ѓорчев оствари контакт и со родителот на девојчето кое е хоспитализирано на Инфективната клиника и понуди секаква помош, која би била потребна за надминување на оваа ситуација. Контакт е оставрен и со наставничката која моменатлно се наоѓа во домашни услови и е во добра здравствена состојба.“, стои во соопштението на Општина Кисела Вода.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.

Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Објавено пред

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.

dobivaj vesti na viber

Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.

Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.

Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.

За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.

Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.

На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација

Објавено пред

Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.

Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.

Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.

Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.

Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.

Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.

„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.

Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија15 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија16 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија17 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија18 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија19 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа19 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија20 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион20 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет20 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија21 час

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија21 час

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија21 час

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион22 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет22 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет22 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион24 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион24 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија2 дена

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија2 дена

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...