Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи собирањето потписи за лавот

Владејачката партија стои зад лавот како евентуален симбол за државниот грб, но потсети дека за негово изгласување потребно е и т.н. Бадентерово мнозинство
„Сакам да потврдам дека ВМРО-ДПМНЕ апсолутно стои зад тој симбол – златножолтиот лав врз црвена заднина, меѓутоа сакаме да потсетиме дека доколку се обезбеди политички консензус доволен за оваа иницијатива, ние сме подготвени да го поддржиме овој предлог-закон“, изјави Илија Димовски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Од владејачката партија потсетуваат дека донесувањето на ваков закон пе оврзано со двотретинско мнозинство и со Бадентер. „Доколку е потребно да се обезбедат потписите, ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање, но ние како партија не можеме да влијаеме врз другите политички субјекти.“, додаде Димовски во Собранието, прашан за иницијативата на ВМРО-НП да поднесе предлог-закон досегашниот државен грб на Република Македонија да биде заменет со златножолт лав врз црвена основа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген

СДС и ДУИ додека ја водеа владата, наместо да мислат за граѓаните и нивно подобро утре, а воедно и добро на државата, тие гледале како да крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ кои дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген.
Со конкретниот тендер за мазут за ТЕЦ Неготино направиле две криминални дела, кражба на народни пари и труење на народот.
Притоа, лицата кои се дел од оваа мрежа се избегани, како Васко Ковачевски, а синот на пратеникот од ДУИ сопственик на Пуцко Петрол, едвај после жалби доби мерка притвор.
Оваа шема на СДС со години ги крадеше народните пари, а дел од тендерите како еден од многуте во вредност од 22 милиони евра го субвенционирала и самата влада со сума од 15 милиони евра.
СДС и ДУИ имаа обид, преку своите инсталации во правосудниот систем, да ги штитат споменатите лица кои правеле криминални дела.
Поминува времето во кое се штитеа криминалците, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ воспоставува ред и работи во корист на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 8, а максималните од 15 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 7, а максималната 27 степени.
Според УХМР, утре локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.
Скопје
Дел од Студеничани без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект на затварач од ф – 200 мм на ул. 7 б.б во село Батинци, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош. ( општина Студеничани )