Македонија
„Бела ноќ” – Културна Нова година по петти пат во Скопје

Скопје по петти пат ќе им се придружи на европските метрополи кои во сабота, 26 септември, цела ноќ ќе живеат со настаните на манифестацијата “Бела ноќ”. Скопје засега е единствениот главен град на Балканот во кој се случува оваа манифестација, заедно со Рим, Париз, Мадрид, Брисел итн.
На 25 локации низ градот, скопјани и другите гости ќе можат да уживаат во изложби, театар, концерти, перформански на уметници од дванаесет држави од Европа и светот, меѓу кои Германија, Италија, Албанија, Јапонија, Косово, Франција, Словенија, Шпанија…Во манифестација ќе бидат вклучени сите културни институции на градот (КИЦ, МКЦ, Музејот на Град Скопје, Домот на армијата, Зоолошката градина, Градската библиотека…), како и отворените простори на улицата Македонија, плоштадот Македонија, Старата скопска чаршија, кафулињата. Централниот настан е на плоштадот Македонија во 22 часот и спектакуларниот балет во воздух на групата „Ексос” од Швајцарија, со што официјално ќе биде затворено и годинешното издание на Младиот отворен театар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)