Македонија
Бугарите реагираат на Енциклопедијата: Гоце Делчев бил Бугарин
Свети Климент Охридски, цар Самоил, Рајко Жинсифов, Григор Прличев, браќата Миладиновци, Гоце Делчев… се историски личности и на Бугарија и на Македонија, и тоа така треба да стои во Енциклопедијата, бараат од Бугарскиот културен клуб во Скопје
Тие реагираат на неодамна објавената Македонска енциклопедија и обвинуваат дека таа е всушност фалсификат на историјата на македонските Бугари што ја потврдиле многу светски историчари.„Бугарскиот културен клуб изразува загриженост за содржината на двотомната енциклопедија која ја издаде МАНУ, а ја финансираше Владата на РМ“, стои во дописот од оваа организација на која е потпишан претседателот Лазар Младенов.Оттаму бараат ревизија на целиот текст на Енциклопедијата.„Енциклопедијата треба да се прилагоди на светската наука која потврдува дека одредени личности од бугарското етничко, културно и религиозно наследство припаѓаат на двете држави – Република Македонија и Република Бугарија. Ова го подразбира периодот од бугарскиот среден век (свети Климент Охридски и цар Самоил), преку бугарските национални преродбеници (Кирил Пејчиновиќ, Рајко Жинсифов, браќата Миладиновци, Григор Прличев, Кузман Шапкарев), до Бугарското национално ослободително движење (Даме Груев, Христо Матов, Гоце Делчев…), како и периодот меѓу Првата и Втората светска војна“, стои во дописот од Бугарскиот културен клуб.Во писмото се вели дека Клубот протестира против ваквите нееднаквости и толкувања на историјата во образовниот систем на РМ кој, како што пишува во соопштението, „од своите граѓани прави заложници на една политика што предизвикува несогласувања и ги поткопува добрососедските односи“.„Ја поттикнуваме Европската Унија и релевантните дипломатски претставници во Република Македонија да направат се што е потребно за да се обезбеди усогласеност со релевантните ЕУ стандарди, како и оние на Советот на Европа“, се вели во дописот потпишан од Младенов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

