Македонија
Македонките немаат поим што е контрацепција
Најновото истражување под мотото „Твој живот, твој глас“ кое беше спроведено помеѓу жените во Македонија, покажа дека повеќе од половина од македонските жени не користат никакви средства за контрацепција, а таа бројка е многу поголема кај тинејџерките на возраст од 15 до 19 години со дури 94%
Во истражувањето кое беше спроведено во Македонија по повод Светскиот ден на контрацепцијата 26 септември, беше откриено дека 76 % од жените не користат ниту едно стедство за контрацепција, а за 61 % приложените контрацепциони методи воопшто не ни слушнале. Дури 94% од младите девојки на возраст од 15 до 19 не користат никаква контрацепција. Од антибеби пилулите достапни на македонскиот пазар жените најмногу им веруваат на марките: „Јасмин“, „Дајан35“ и „Микрогинон“, но запрепастувачка е бројката од 51 % од жените дека не знаат ниту една марка на антибеби пилули.Најчестите одговори што испитаните жени ги давале на прашањето зошто ги користат пилулите се дека се најсигурни, најлесни за употреба и дека се најефикасни. Дури половина од жените кои не користат антибеби пилули изјавиле дека не постои ниту една причина која би ги убедила да почнат да користат. Запрепастувачки 56% од жените не се информираат од страна на доктор за контрацепцијата бидејќи сметаат дека немаат потреба од информации.Кога станува збор за извршените абортуси, дури 119 од 500 жени имале извршено абортус, а речиси е подеднакво кај Македонките и кај Албанките. Татјана Гуржанова, гиниколог со долгогодишна пракса, зборуваше за искуствата од трибините на оваа тема во Македонија, каде што даде запрепастувачки пример за неинформираноста кај младите во урбаните средини кои ги навеле кока-колата – сода-бикарбоната како контрацепциони средства.Истражувањето било направено од 13 до 21 јуни оваа година врз 500 жени на возраст од 15-49 години, во 7 региони во Македонија, од кои 323 жени се од македонска националност а 142 од албанска. Од испитаните жени, 248 биле со средно образование, а дури 135 со основно. Урбаната средина преовладувала кај жените кои биле дел од ова испитување, со 280 жени од градовите во Македонија. Испитувањето е поддржано од 10 невладини организации а спонзорирано од германската фармацевтска компанија „Бајер шеринг фарма“.Со зголемувањето на примената на средствата за контрацепција се намалува ризикот од несакана бременост, а со тоа и од абортус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

