Македонија
Во општина Кисела Вода акција за есенско чистење на стариот мебел и апарати за домаќинството
Општина Кисела Вода во соработка со Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ овој викенд почнува со акција за есенско чистење на стариот мебел и апарати за домаќинството
Како што соопшти општина Кисела Вода, акцијата ќе трае наредните пет седмици. На целата територија на општината ќе бидат поставени контејнери од пет и седум метри кубни, во кои граѓаните ќе имаат можност да ги исфрлаат остатоците од стариот мебел и куќните апарати.Поставувањето на контејнерите ќе биде зонско, а овој викенд ќе се постават четири контејнери во „11 Октомври-згради“ и „11 Октомври-бараки“, по еден контејнер на секоја од улиците „Михаил Чаков“, „Ѓорѓи Сугаре“, „Народни Херои“ и „Петар Драпшанин“.Во секоја месна и урбана заедница во општината ќе се поделат соопштенија, преку кои граѓаните ќе се информираат кога ќе се врши собирање на ѓубрето од контејнерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

