Контакт

Македонија

МНР бара од Приштина да го расчисти инцидентот со палењето на македонското знаме

Објавено пред

„МНР бара од Приштина да го расчисти инцидентот со палењето на македонското знаме“, се вели во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи на Република Македонија

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека македонското знаме го запалиле малолетници надвор од фудбалскиот стадион во Приштина. „Косовската полиција работи на расчистување на инцидентот и наскоро ќе излезе со официјална информација“, изјави за МИА претставник на Министерството за внатрешни работи на Косово.Косовските медиуми објавија дека знамето било запалено за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Приштина“ и „Влазними“. Според истите извори, на трибините можеле да се видат и пароли со антимакедонска содржина.Медиумите оценуваат дека инцидентот е последица на „незадоволството од невистините во Македонската енцикопедија“. Во врска со инцидентот со реакција излезе Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Укажува дека „во вакви чувствителни моменти секој преземен чекор треба да биде во насока на ублажување на тензиите, а не нивно натамошно разгорување“. „Секој одговорен чинител во општеството би требало најостро да ги осуди ваквите екстремни постапки“, се вели во реакцијата од МНР. Канцеларијата за врски на Република Македонија во Приштина побара од официјалните власти на Косово да ги преземат сите законски мерки и сторителите да бидат идентификувани и соодветно казнети. „Заемната доверба и почит се градат на долг рок и секоја страна треба го даде својот придонес. Од Косово, како најмлада држава во регионот се очекува во вакви ситуации да го демонстрира својот капацитет и способност да дејствува на соодветен начин во правец на градење на добрососедски односи и развивање на регионалната стабилност“, укажува македонското Министерство за надворешни работи.

Македонија

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Објавено пред

Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес се заблагодари за огромната поддршка која што ВМРО-ДПМНЕ ја добива од граѓаните во Струмица.

dobivaj vesti na viber

„Секојдневно сме меѓу вас, разговараме, добиваме огромна поддршка, благодарност за поддршката“, вели Јанков.

Јанков ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, се со цел огромна победа во Струмица.

„Ве повикувам на 19 октомври масовно да излезете, да го заокружите бројот 9 и да извојуваме една голема победа во Струмица“, истакна Јанков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Струмица ќе ја поврземе со два експресни пата, едниот до Скопје и вториот од Коридорот 10 преку Струмица до Коридорот Струма во Бугарија

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски oд Струмица се осврна на двете најголеми инфраструктурни инвестиции, од кои едната е изградба на експресен пат, а другата е поврзувања на двата паневропски коридори. Тој исто така кажа дека по изборот на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Петар Јанков, општина Струмица ќе добие специјален финансиски пакет, дополнително од она што Владата го префрла во повиците за поддршка на локалните самоуправи. Според него, промените допрва доаѓаат во Струмица.

dobivaj vesti na viber

,,Денеска сме со активности во посета на општина Струмица. Веќе сме во финалето на изборната кампања, остануваат уште два дена. Се обидовме на искомуницираме со што повеќе луѓе, да допреме до што повеќе домови, да ја презентираме нашата програма и нашата визија која што значи економски препород на економијата, но исто така и бројни бројни инвестиции, кои што за жал не можеа да с реализираат во изминатиов период“, вели Николоски.

Николоски ги спомена двете најголеми инфраструктурни инвестиции, од кои едната е изградба на експресен пат, со што ќе се овозможи поврзување на општина Струмица со главниот град во земјава, додека втората е поврзување на двата паневропски коридори.

,,Тука се секако двете најкрупни инфраструктурни инвестиции, првата е изградба на експресен пат, кој што треба да оди од Радовиш до Струмица, како Струмица целосно би била поврзана со главниот град Скопје, или со експресен пат или со автопат. Втората е поврзување на двата паневропски коридори, Коридорот 10 во Македонија и Коридорот Струма во Бугарија, преку изградба на експресен пат кој што ќе оди од Смоквица, под Валандовско брдо, ќе излегува кај Кутлеш обиколница на Струмица, Ново Село на граница со Бугарија“, рече Николоски и додаде:

,,А, од другата страна, треба Бугарија да го заврши делот кој што оди од граница преку Петрич до поврзување со автопатот што ќе значи спој на двата автопати и едно огромна можност за целиот регион, имајќи предвид дека голем дел од транспортот е се насочи токму преку овој спој на двата коридори“.

Николоски се осврна и на општинските проекти, за кои кажа дека соработката помеѓу централната и локалната власт ќе биде на највисоко ниво, а и најави специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, кое како што вели тој, ќе биде дополнително од редовните средства кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги префрла во повиците минатата и оваа година.

,,Тука се секако и општинските проекти, промените во државата што се случија минатата година. Во Струмица треба да се случат оваа година, после 1 година и 3 месеци да има конечно промени и во Струмица, и да конечно ВМРО-ДПМНЕ добие шанса да ја води општината и да го води Советот како би можеле да покажеме што можеме и како можеме. Соработката помеѓу централната и локалната власт ќе биде на највисоко ниво, и сакам еве да најавам, денес од тука од Струмица, дека спремаме специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, кое што ќе е дополнително или екстра од она што се редовни средства, кои што Владата ги префрла во повиците кои што се случија минатата и оваа година. Така што, сите спремни, готови проекти, кои градоначалникот по изборот ќе може да ги понуди, ние сме спремни да ги финансираме, затоа што веќе имаме специјален пакет“, заклучи Николоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пет роденденски желби на кучето

Објавено пред

Јавното претпријатие „Лајка“ го прославува петтиот роденден со повик за хуманост, одговорно сопствеништво и почит кон секое живо суштество.

dobivaj vesti na viber

Во пораката по повод јубилејот од „Лајка“ велат дека за изминатите години ја трансформирале институцијата во пример за хуман, транспарентен и посветен систем, но дека вистинско решение за проблемот со бездомните кучиња може да се постигне само со строго законско регулирање на одговорното сопствеништво.

Во чест на роденденот „Лајка“ ги сподели и петте роденденски желби на кучето – секое куче да има свој дом, да нема гладни и заборавени животни, да се почитува вредноста на секој живот, општеството да решава, а не да убива, и да се верува во добрината.

Од претпријатието најавуваат роденденска дружба во бистро „Собрание“ со слоганот „Не ни требаат подароци, ни требаат луѓе. Луѓе што ќе вдомат, ќе дојдат, ќе прегрнат, ќе го почувствуваат пулсот на хуманоста што ја градиме заедно“. Додаваат дека секое куче заслужува шанса, а општеството треба само да биде човечно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија3 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија4 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија5 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија5 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија5 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија5 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет8 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа8 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа8 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет9 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија16 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија19 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија20 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија21 час

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија22 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...